Подот денес има многу поголема улога од едноставно покривање на површината. Тој е дел од целокупниот изглед и функционалност на ентериерот, па при изборот сè повеќе се земаат предвид дизајнот, материјалот, текстурата, акустиката, удобноста и начинот на одржување.
Современите подни решенија овозможуваат овие барања да се комбинираат, со материјали и дизајни кои можат да се прилагодат на различни простори и начини на користење. Во продолжение издвојуваме неколку насоки кои денес се особено актуелни и покажуваме како тие можат да се применат во современи ентериери.
Omnitec нуди подни решенија за различни деловни и комерцијални простори, со стручна поддршка при изборот на материјали и професионална монтажа. Во нашето портфолио се застапени решенија од Forbo Flooring Systems, со различни материјали, дизајни и површини кои можат да се прилагодат на карактеристиките и потребите на конкретниот простор.
При изборот на подно решение, важно е да се најде баланс помеѓу изгледот и функционалноста. Подот треба да одговара на карактерот на ентериерот, но истовремено да ги издржи условите на секојдневното користење и да остане практичен за одржување. Токму затоа, современите подни решенија се повеќе се избираат според комбинацијата на дизајн, перформанси и долгорочна употребливост.
Како општествена одговорна компанија која се грижи за своите клиенти спремни сме да ги споделиме со вас практичите и тренд дизајни на подови кои ги нудиме во нашиот широк спектар на подни решенија.

Да започнеме..
Практични дизајни на подови
Користењето различни подни површини за визуелно дефинирање на одделни зони отсекогаш било популарно во големите објекти, како што се продавниците за мебел и другите комерцијални простори. Денес, ваквиот пристап сè почесто се применува и во помали малопродажни простори, канцеларии и простори за слободно време. Со внимателен избор на боја, текстура, дезен и начин на поставување, подот може да помогне во јасно издвојување на патеки, работни зони, места за релаксација, приемни простории или други функционални целини.
Користењето комбинација на хибриден теписон и винилни подови може да биде корисно за одвојување на пешачки патеки или назначени работни места во канцелариите за да може лесно да го води протокот на луѓето низ објектот. Постојат многу начини да се искористи подот за промовирање на социјално растојание и пријатна пространа средина која додава удобност, како и безбедност.
Контрастни подови во боја
Боите имаат сè поголема улога во современиот дизајн на ентериер, а подот е еден од начините преку кои може да се внесе карактер и визуелна динамика во просторот. Наместо целосно неутрални подови, сè почесто се користат контрастни нијанси и комбинации кои создаваат впечатливи, но внимателно осмислени целини.
Контрастот може да се постигне со комбинирање на различни нијанси, формати или дезени на подните површини. Потемна и посветла нијанса може визуелно да одвои различни зони, додека посмели бои можат да нагласат одредени делови од просторот или да станат препознатлив елемент во ентериерот. Кај современите винилни подови, широкиот избор на бои, дезени и формати овозможува голема слобода при креирањето на вакви комбинации. На тој начин, подот не е само практична површина, туку станува активен дел од визуелниот концепт на просторот.
Видови на подни решенија кои ги нудиме како тренд
Комерцијален хибриден систем на подови – Flotex
Flotex е текстилна подна облога со високи перформанси која ги комбинира издржливоста и практичноста на еластичните подови со топлината и удобноста на текстилната површина. Благодарение на своите карактеристики, претставува практично решение за различни комерцијални и јавни простори.
Една од значајните предности на Flotex е неговата лесна одржливост. Површината е дизајнирана така што може темелно да се чисти, што го прави погоден за простори со поголема фреквенција на луѓе. Воедно, широкиот избор на дезени и визуелни решенија овозможува подот да се вклопи во различни концепти на современ ентериер.
Flotex може да се примени во канцеларии, хотели, ресторани, банки, кина, здравствени и други јавни и комерцијални објекти, каде што се бара комбинација од издржливост, удобност, лесно одржување и атрактивен дизајн.

Комерцијален винилен под
Комерцијалниот винилен под е практично решение за современи ентериери во кои се бара издржливост без компромис со дизајнот. Денешните винилни подови нудат широк избор на бои, текстури, дезени и формати, што овозможува лесно прилагодување кон различни стилови и концепти на ентериер. Особено популарни се дизајните инспирирани од природни материјали, како дрво и камен, бидејќи овозможуваат природен и современ изглед со практичноста на винилната подна површина. Во зависност од концептот, винилот може да се користи и за визуелно издвојување на различни зони во просторот преку комбинирање на бои, дезени или насоки на поставување.
Покрај дизајнерската флексибилност, издржливоста е една од клучните причини поради кои винилните подови се често решение за комерцијални простори со интензивна употреба. Тие се погодни за средини со голема фреквенција на движење, а нивните карактеристики придонесуваат и за поголема удобност во просторот.
Поради комбинацијата од практичност, издржливост и голем избор на визуелни решенија, комерцијалниот винилен под е актуелен избор за канцеларии, продавници, хотели, ресторани и други јавни и деловни простори.

Винилот е особено погоден за простори со голема фреквенција на луѓе, каде што покрај издржливоста се бара и одредено ниво на удобност при секојдневното користење. Во споредба со некои потврди подни површини, винилот може да придонесе за попријатно чувство при одење и подобра акустика во просторот. Дополнителна предност е неговата отпорност на влага и лесното одржување. Површината може едноставно да се исчисти при истурање течности, што го прави практичен избор за комерцијални и јавни простори каде што хигиената и лесното одржување се особено важни.
Заклучок
Изборот на подна површина денес не се сведува само на изгледот. Современите подни решенија треба да одговорат и на начинот на кој се користи просторот, неговата фреквенција, потребите за одржување и целокупниот дизајнерски концепт. Од различни текстури и дезени до можности за визуелно зонирање, современите подови нудат голема слобода при уредувањето на комерцијалните ентериери. Во Omnitec можете да добиете консултација при изборот на соодветно подно решение, боја и дезен од понудата на Forbo.
Ве очекуваме на info@omnitec.mk

