Slide
Комерцијални подни решенија

Од изборот на вистинското решение до професионална монтажа — подови за канцеларии, здравствени установи, продавници, хотели, ресторани и индустриски објекти.

Претходно
Следно

Брендови со кои работиме

Forbo Flooring Systems

Производител на висококвалитетни подни решенија со повеќе од 150 години искуство на глобалните пазари.

ПОГЛЕДНИ ПРОИЗВОДИ
MERO-TSK

Системи за подигнати подови со панели од дрво и калциум сулфат, наменети за канцелариски, технички и индустриски простори.

ПОГЛЕДНИ СИСТЕМИ

Услуги кои ги нудиме

Процена, Планирање и Буџетирање

Проценуваме што е потребно за реализација на проектот, ги дефинираме очекуваните трошоци и рокови и навреме ги идентификуваме потенцијалните предизвици.

Спецификација

Избор и спецификација на соодветно подно решение според намената на просторот, условите за користење, техничките барања и карактеристиките на избраниот материјал

Тестирање влага

Мерење и проверка на влажноста на подлогата пред поставување на подната облога, со цел да се утврди дали условите се соодветни за безбедна и квалитетна монтажа. Ние вршиме мерење на влажност по CM метода со 99.99% точност.

Подготовка

Подготовка на подлогата пред поставување на подното решение, вклучувајќи проверка и соодветна подготовка на површината според барањата на избраниот материјал и условите на просторот.

Инсталација

Професионална монтажа на различни видови подни облоги, со примена на соодветни техники и материјали според спецификацијата и барањата на проектот.

Контрола и надзор на терен

Следење и контрола на текот на работите при реализација на проектот, со фокус на квалитетот на изведбата, почитувањето на спецификацијата и предвидените рокови.

ЗА
ОМНИТЕК

Од 2017 година, ОМНИТЕК е компанија специјализирана за подни решенија, со искуство во проекти со различни барања, површини и предизвици. Веруваме дека доброто подно решение не започнува од изборот на производот, туку од разбирањето на просторот, неговата намена и потребите на оние што го користат.Затоа внимаваме на секој детал, од правилниот избор на материјал до начинот на неговата реализација. Во нашата работа се потпираме на проверени производители и материјали, меѓу кои Forbo Flooring Systems и Mero TSK Systems.