Комерцијалните простори бараат подни решенија кои можат да одговорат на секојдневното оптоварување, но истовремено да придонесат за изгледот и функционалноста на ентериерот. Затоа, при изборот на под не се зема предвид само неговата цена, туку и издржливоста, одржувањето, акустиката, комфорот и можностите за дизајн..

Различните комерцијални простори имаат различни барања. Канцеларија, хотел, продавница, здравствена установа или образовен објект немаат исти услови на користење, па затоа не постои едно подно решение кое одговара на секој простор.
Во овој водич ги разгледуваме типовите комерцијални подни решенија што денес се користат во различни ентериери и ги издвојуваме карактеристиките по кои секое од нив се разликува.
Па, да започнеме!
Винил
Винилот е разновидно подно решение кое овозможува голема слобода при уредувањето на комерцијалните простори. Достапен е во различни формати, бои, дезени и текстури, вклучувајќи винил во ролни и LVT подни плочи, со што може да се прилагоди на различни функционални и естетски барања. Една од причините поради кои винилните подови се често застапени во комерцијални ентериери е нивната комбинација од издржливост, едноставно одржување и разновиден дизајн. Во зависност од конкретниот тип на винил, можат да се применат во канцеларии, продавници, хотели, образовни и здравствени установи и други простори со интензивно користење.
Дизајнот е уште една од силните страни на винилот. Современите винилни подови можат да репродуцираат изглед на природни материјали како дрво или камен, но и да понудат посмели бои, дезени и комбинации. Ова овозможува подот да биде функционална површина, но и активен дел од концептот на ентериерот.

Marmoleum – природен линолеум за комерцијални простори
Marmoleum е линолеумско подно решение на Forbo Flooring, препознатливо по природниот состав, издржливоста и широките можности за дизајн. Изработено е од природни суровини како ленено масло, дрвено брашно, природна смола, јута и минерални суровини. Покрај својот природен состав, Marmoleum нуди голем избор на бои, дезени и формати, што овозможува лесно вклопување во различни комерцијални ентериери. Колекциите вклучуваат повеќе од 300 бои и различни визуелни решенија, од мермерни и линеарни ефекти до дизајни инспирирани од бетон и други природни материјали. Благодарение на комбинацијата од природен состав, издржливост и дизајнерска флексибилност, Marmoleum е решение кое може да одговори на потребите на различни комерцијални простори.

Flotex – текстилно подно решение со високи перформанси
Flotex е текстилно подно решение на кое ги комбинира комфорот и топлината на текстилната површина со перформансите потребни за комерцијални простори. Неговата густа површина е пријатна при одење, а истовремено придонесува за подобра акустика во просторот.
Flotex се издвојува и по својата практичност. Површината е лесна за одржување и е дизајнирана да издржи интензивно користење, што го прави соодветен избор за канцеларии, хотели, образовни установи, здравствени и други комерцијални простори. Дополнителна предност е широкиот избор на бои и дизајни, кој овозможува Flotex да се користи не само како функционална подна површина, туку и како елемент преку кој може да се дефинираат различни зони во ентериерот.

Гумени подни решенија
Во дадени комерцијални објекти, гумата е разумен избор на подно решение. Овој материјал ги нуди предностите на апсорпција при пад со што се намалува ризикот од сериозни повреди. Освен ова, во најголем број случаи гумата е водоотпорна и штити од лизгање и апсорбира звуци. Гумениот материјал е лесен за чистење и одржување. Овие карактеристики ја прават гумата совршен избор на под за кујни, теретани, болници и училишта. Од аспект на негативните страни на овој под, кај гумата знаат да се јават дисколорации доколку парчето е изложено на сончева светлина долг временски период. Гумата е под кој би го избрале доколку сте повеќе заинтересирани за функционалноста, безбедноста и перформансот на подот, отколку за неговата естетика. Во вториот аспект, гумата за жал не нуди многу.

Да сумираме
Различните комерцијални подни решенија нудат различни комбинации на издржливост, комфор, акустика, одржување и дизајн. Токму затоа, најдоброто решение зависи од карактеристиките и потребите на конкретниот простор. Omnitec ви стои на располагање за консултација, избор на материјал и професионална монтажа. Контактирајте нè и откријте кое подно решение најдобро одговара на вашиот проект.

