Пазарот за комерцијални канцелариски подови е преплавен со различни производи. Теписон во плочи и винилните плочи се најпопуларните опции за канцеларии. Кај нас, во Омнитек, увезуваме и монтирме комерцијални подови веќе неколку години за ред и во нашето портфолио имаме поставено многу канцеларии со теписонски плочи и винилни плочи.
Теписонските плочи постојат со векови и сè уште остануваат популарни како и секогаш. Исклучително се издржливи, меки за одење и лесни за инсталирање во секоја просторија. Единствената лоша страна е тоа што ќе треба редовно одржување на материјалот како чистење со правосмукалка или хемиско чистење на секои 6 месеци. Од друга страна, винилните плочи нудат слично искуство без потреба од одржување, само ја бришете нечистотијата кога е потребно! Полесни се и за чистење ако на некој му се истури вода или кафе – нема потреба од скапи професионални услуги за чистење! Доволно е само да пројдете со мокра крпа.
Затоа, за вас спремивме неколку добри и лоши страни за двете опции за комерцијални канцелариски подови..

Комерцијални винилни плочи
Добрата страна на винилот
Винилните плочи се докажани на глобално ниво како флексибилна и исплатлива опција за многу комерцијални подови. Благодарение на начинот на кој што винилот доловува дизајни изработени од дрво и камен, многу потрошувачи успеваат да го вклопат во нивните ентериери. Освен нелимитирачките можности за дизајн, винилниот под има и уште една клучна карактеристика која го издвојува од останатите подови. Оваа карактеристика е трајноста. Кога би биле сосема искрени, трајноста е веројатно број 1 бенефит на винилните подови. Винилот е способен да издржи голема фреквенција на движење и ја намалува бучавата.
Лесни за монтирање и одржување, винилните плочи се поставуваат во ленти користејќи комерцијално лепило, што значи дека нема фугирање или длабоки шевови. Благодарение на ова, чистењето се одржува едноставно без разлика дали е избрано во канцеларија, работилница или кујна.
Лошата страна на винилот
За почеток, при инсталирањето на винил многу е важно на каква подлога ќе се поставува. Препорачливо е основата да е што помазна и порамна. Винилот се смета за мек материјал, што значи дека кога ќе е поставен, ќе ги истакне сите несовршености на површината. Изложувањето на сонце е важна работа што би требало да ја знаете пред конечно да се одлучите да инсталирате винилен под. Кога e изложен на сонце подолг временски период, винилот може да ја смени својата боја, односно да избледи. Тука, може да размислите за поставување на некаква заштита на вашите прозорци од типот на завеси или пак ролетни.

Комерцијални теписонски плочи
Добрата страна на теписонските плочи
Постојано популарни во канцелариите со намера да се направи топла и пријатна средина, модерните плочи за теписон можат да понудат изглед и чувство на целосен теписон, но да ја задржат практичноста и флексибилноста на винилниот под.
Совршени за модуларни канцеларии, плочите од теписон може да се заменат, извадат и заменат, овозможувајќи неверојатна флексибилност за промени во вашата канцеларија или работен простор. Дополнително, секоја плоча може да се отстрани и да се замени кога е оштетена или обоена. Оваа модуларност, исто така, овозможува користење на различни плочи за теписон една до друга, со што се овозможува поставување на патеки со голем сообраќај со потрајни и поцврсти опции. Плочите за теписон се исто така префериран избор за секоја еколошки свесна компанија. Најчесто се произведува со рециклирани материјали и нуди значително помалку отпад за време на инсталацијата и поправката од обичниот теписон.
Лошата страна на тепсонските плочи
Теписонските плочи многу повеќе впиваат течност и нечистотија за разлика од винилот, што значи дека теписонските плочи многу полесно ќе се валкаат и ќе бараат значително повеќе чистење. Ова може да се ублажи до одреден степен со избирање потемна боја и теписон со низок профил. Теписонските плочи иако се лесни за монтирање, може многу лесно да се забележи кога се поставени погрешно. Кога е лошо поставен, може да имате забележлив спој. Исто така, вреди да се обрне посебно внимание на класификацијата на абење за да се осигура дека теписонот ќе се одржи до количината на сообраќај што просторот ќе го има.

Често слушaме како многу луѓе го поставуваат прашањето: „Што е подобро за мојот канцелариски простор: теписонски плочи или винилни плочи?
Одговорот на ова прашање го имаме ние во Омнитек кој со задоволство ќе ви помогнеме при изборот.
Контактирајте го нашиот стручен тим на нашата е-маил адреса
info@omnitec.mk