Изборот на ново подно решение може да биде исклучително тешка задача, посебно денес кога има многу достапни решенија на пазарот. На почетокот на овој ваш проект, важно е да определите кој тип на подно решение одговара за вас и вашите потреби. Но, за да одредите кое подно решение е најдобриот избор за вас, треба да ги знаете предностите и слабостите на сите достапни решенија. Носењето на информирана одлука е многу важно при изборот на под. Бидејќи знаеме дека анализата на сите достапни решенија може да звучи застрашувачки, ние во OmniTec сме тука да ви помогнеме. Во оваа статија пишуваме конкретно за линолеумот и сите работи кои некогаш би сакале да ги знаете за линолеумот доколку ова е вашиот избор на подно решение.
За почеток, што е линолеум?
Линолеумот е еластично подно решение кое спаѓа во истата категорија со винил и плута. Во случајот со линолеум, “издржливо” го користиме во контекст на тоа дека линолеумот е помек и пофлексибилен компрариран на пример со дрво или плочки.
Примарната состојка на линолеумот е зацврстено масло од ленено семе. Освен ова, други состојки од кои е изработен линолеумот се дрвено брашно, боров колофон и прашина од плута. Линолеумот се смета за високо издржливо подно решение кое е достапно во широка палета на дизајни, бои и големини. Од аспект на формата во која што овој материјал за подно решение се јавува, постојат линолеум во ролни и линолеум во плочи. Линолеумот повторно добива на популарност, во најголем дел бидејќи е подно решение кое во голем процент е произведено од природни состојки и е издржливо.
Историја на линолеумот како подно решение
Линолеумот бил измислен од страна на Фредерик Валтон во 1855тата година. Валтон забележал дека кога маслото од ленено семе кое го користел како разредувач на бои ќе отстоело надвор преку ноќ, се создавал слој од зацврстено масло кој бил многу сличен на гума. Валтон забележал дека зацврстеното масло од ленено семе би можело да биде добра замена за гума. Па така, почнал да експериментира со оваа состојка, тестирајќи ја нејзината оксидација и испробувајќи нови методи. Пет години подоцна, во 1860 Валтон го добил својот прв патент, но продолжил да истражува и да го усовршува материјалот. На новиот материјал кој што го измислил, Валтон му го дал името “линолеум”, изведено од латинските зборови “linum” или лен и “oleum” или масло. Во 1861та година, Валтон ја отворил својата прва фабрика, The Linoleum Manufacturing Company Ltd. во Стеинс, Англија. Успешното работење, му помогнало на Валтон да го прошири своето производство и да започне извоз на линолеумот во Америка. Во 1872та година, Валтон ја отвора и својата фабрика во Америка, American Linoleum Manufacturing Company на Стејтен Ајланд. Низ 19тиот и 20ттиот век се сметал за издржлив, ценовно прифатлив избор на подно решение. Како материјал, бил најкористен во болници, училишта, бизнис објекти дури и домови. Во периодите кои следеле, линолеумот изгубил голем дел од својата популарност како подно решение од избор, најмногу заради ниската цена на винилот. Но денес популарноста на линолеумот повторно расте. Најголем производител на линолеум во светот денес е холандската фабрика Forbo. Линолеумот на Forbo се продава под трејдмаркот на мармолеум. OmniTec е генерален застапник на Forbo за нашата земја.
Негативни аспекти од користењето на линолеум
Линолеумот како подно решение често се споредува со винилот, бидејќи во многу аспекти се слични освен ценовно. Винилот е поефтина опција за подно решение и има поголема провидност и светлост. Исто така, винилот е поотпотен на оган од линолеумот. Како што веќе споменавме, линолеумот се карактеризира со висока еластичност и како и сите други високоеластични подови, е склона на оштетувања од влечење на мебел или движење по подот со потпетици. Кога линолеумот се поставува, може да емитува миризба на ленено семе, кое во никој случај не е опасно, но може да биде проблем за некои луѓе. Миризбата вообичаено трае во период од една недела до максимум месец дена. Друг момент што треба да се има на ум, а може да се воочи само после поставување на линолеумот е извесна жолта рефлексија на боите. Ова е позиразено кај линолеум во светли бои. Поради овој момент, важно е да се провери како бојата на линолеумот за која што сте заинтересирани ќе се однесува кога поставена во просторот. Ова може да го направите со тестирање на малечко парче од конкретниот линолеум.
Предности од користењето на линолеум
Откако ви презентиравме кои моменти можеби нема да ви се допаѓаат, да се префрлиме на работи што дефинитивно ќе ви се допаѓаат! За почеток, линолеумот е одличен избор на под бидејќи е ценовно прифатлив, издржлив, едноставен за користење и нуди безброј можности за користење и дизајн. Најважно од се- е целосно произведен од природни состојки и е добар за природата. Линолеумот е далеку поефтино подно решение од материјали како дрвото или плочките. Точно е дека е поскап од винилот, но животниот век му е двојно подолг. Доколку добро го одржувате, просечниот животен век на линолеумот е неверојатни 40 години, па дури и повеќе. Линолеумот е неверојатно издржлив, водоотпорен и едноставен за чистење. Откако процесот на рефлексија на жолти нијанси, кој се случува во првиот период по поставувањето ќе завшри, линолеумот го задржува својот изглед за време на целиот животен век. За разлика од винилниот под, каде што дизајнот е креиран во погорните слоеви на материјалот, бојата со која што се бои линолеумот понира во подлабоките слоеви на материјалот. Со ова, сте заштитени од површински оштетувата на дизајнот предизвикани од екстензивно користење. Линолеумскиот под нуди безброј можности за дизајн во ентериерот во кој што е поставен. Од аспект на форма, линолеумот доаѓа и во ролни и во плочи, со што ви се овозможува сами да креирате дизајни кои се прилагодуваат со остатокот од просторијата каде што е поставен овој под. Процесот на инсталација на линолеумот е далеку поедноставен, во споредба со процесот на инсталација на други подни решенија. Инсталацијата е многу едноставна, и ви нуди избор помеѓу лепење или пак поставување на клик-плочи. Флексибилноста и еластичноста на линолеумот како материјал овозможува сечење на линолеумот во формата која што е потребна, со што се заштедува од трошење на екстра материјал за да се пополнат тешко достпаните рабови. Финално, линолеумот е целосно изработен од природни материјали. Начинот на производство креира антистатичен материјал кој не собира прашина и е не алергенски. Подот е целосно био-разградлив и добар за околината.
Доколку се чусвтвувате дека линолеумот е подното решение кое ви треба, тимот на OmniTec е тука да ве асистира низ целиот процес. Од консултација до надзор и инсталација, ние сме тука да се осигураме дека вие ќе го добиете подното решение кое одговара на Вашите потреби.
Повеќе за Marmoleum-от на forbo погледнете на нашата веб страна.