Во современите канцеларии, особено во open-space просторите, бучавата е дел од секојдневието. Разговори, чекорење, поместување на столици и движење низ просторот создаваат звуци кои можат да влијаат на концентрацијата и удобноста при работа. При планирањето на канцеларискиот простор, не е доволно подот да биде само издржлив и визуелно привлечен. Изборот на подното решение може да има значајна улога и во акустичниот комфор на просторот, особено кога се избира материјал со соодветни акустични својства.
Но, како точно подот влијае на бучавата? Кои подни решенија можат да помогнат и што треба да се земе предвид при изборот за една канцеларија? Во продолжение ги разгледуваме најважните фактори.
Како подот влијае на акустиката во просторот?
Подот е еден од елементите што можат да придонесат кон подобар акустичен комфор во канцеларискиот простор. Во текот на работниот ден, чекорењето, поместувањето на столици и движењето на мебелот создаваат ударен звук, кој може да се пренесува низ просторот и да влијае на удобноста при работа.
Различните подни материјали имаат различни акустични својства. Додека некои површини повеќе го рефлектираат звукот, специјално развиените акустични подни решенија се дизајнирани да помогнат во намалување на ударниот звук и подобрување на акустичната средина.
Сепак, подот не е единствениот фактор што влијае на акустиката. Таваните, ѕидовите, мебелот и распоредот на просторот исто така имаат важна улога. Затоа, при изборот на под за канцеларија, акустичните својства треба да се разгледуваат заедно со издржливоста, одржувањето и намената на просторот.

Зошто акустиката е важна во open-space канцеларии?
Во open-space канцелариите, каде што повеќе луѓе работат во заеднички простор, контролата на бучавата е особено важна. Разговорите, телефонските повици и постојаното движење можат да создадат бучава која го нарушува фокусот и удобноста при работа.
Затоа, при уредувањето на ваков простор, добро е да се размислува за акустиката уште при изборот на материјалите. Подното решение може да помогне во намалување на дел од звуците создадени при движење низ просторот, а во комбинација со соодветен мебел, тавански и ѕидни решенија може да придонесе за попријатна работна средина.
Кои подни решенија можат да помогнат?
Не постои едно подно решение што е најдобро за секоја канцеларија. Изборот зависи од намената на просторот, интензитетот на движење, потребите за одржување, но и од нивото на акустичен комфор што сакаме да го постигнеме.
Акустичен винил
Акустичниот винил е интересна опција кога покрај намалувањето на ударниот звук се бара и издржливо и лесно за одржување подно решение. За разлика од стандардниот винил, акустичните винилни решенија имаат конструкција дизајнирана да придонесе кон намалување на пренесувањето на ударниот звук. Forbo Sarlon 19 dB е развиен за комерцијални простори со поголема фреквенција и нуди намалување на ударниот звук до 19 dB, покрај отпорноста и лесното одржување.
Теписонски плочи
Теписонските плочи се често избор за канцелариски простори каде што акустиката и удобноста се важни. Нивната структура помага да се намали ударниот звук и да се создаде попријатна средина за работа. Дополнителна предност е модуларниот формат е тоа што оштетените или истрошените плочи можат полесно да се заменат без промена на целата површина.
Кај Forbo Tessera теписонските плочи, на пример, зависно од колекцијата, се наведуваат вредности за намалување на ударниот звук до 30 dB.
Хибриден теписон Flotex
Flotex е уште една опција за канцеларии со поголема фреквенција на движење, каде што се бара комбинација од издржливост, комфор и акустични својства. Forbo го издвојува како решение за канцеларии каде што foot traffic и издржливоста се важни фактори.
Какo да изберете акустично подно решение за вашата канцеларија?
При изборот на под за канцеларија, акустиката е само еден од факторите што треба да се земат предвид. Важно е да се размисли за намената на просторот, фреквенцијата на движење, начинот на одржување и потребното ниво на акустичен комфор. Во open-space канцелариите, каде што има постојано движење и повеќе активности во ист простор, акустичните својства можат да бидат особено важни. Во други делови од канцеларијата, пак, издржливоста, лесното одржување или можноста за промена на распоредот може да имаат поголемо значење.
Затоа, најдоброто решение не е секогаш истиот под за целиот простор, туку избор според потребите на секоја зона. Како пример, во канцелариите на Балкантел е применето акустично винилно подно решение – пример кој покажува како ваков тип под може да се примени во реален канцелариски простор.

Кога изборот се прави според конкретните услови на просторот, подот може да придонесе не само за подобра акустика, туку и за поголем комфор, функционалност и долготрајност на канцеларијата.

