• Post category:Блог

Линолеум или винил? Ако сте како повеќето луѓе, сигурно мислите дека се работи за една иста работа. Но, во реалноста, тие не можат да бидат поразлични. Тие се две многу различни подни решенија од две различни времиња. Подот од линолеум е прв што се појавува на пазарот и се користи активно во домовите, индустриските и административните објекти повеќе од 150 години. За после, речиси 100 години подоцна да се појави винилниот под, носејќи со себе нови стилови и модели на пазарот. Секој од нив има свои предности и недостатоци, па дали сте се запрашале кој материјал за под е погоден за вас?

Што е линолеумот?

Линолеумот бавно се развивал низ годините, но на крајот станува прифатлива алтернатива за подови за секаков тип на објекти. Во споредба со други опции за подови од минатото време, како што биле дрвените подови и плочки, линолеумот обезбедува подобра отпорност на влага и далеку подобри карактеристики. Линолеумот се смета за еластичен под како и винилот, па така создава чувство на мека површина за газење. Во последните години се појавува под името Мармолеум, кој исто така е направен по рецептот на оригиналниот линолеум.Па, во продолжение, ние ќе ви ги доловиме добрите и лошите страни на линолеумот.

Под од линолеум
Добри страни на линолеумот
  • Направен е само од природни и биоразградливи производи
  • Има боја низ материјалот за разлика од винилот, и затоа има многу подолг век на абење
  • Делува природно антиалергиски
  • Природните материјали го прават отпорен на дамки
  • Релативно лесно се одржува и инсталира
  • Има релативно одлична водоотпорност. 
Лоши страни на линолеумот
  • Не е толку достапен како винилот
  • Некои видови бараат повремена замена
  • Во споредбна со винилот, е поскап материјал
  • Има помалку опции за бои и модели за разлика од винилот.

Што е винил?

Релативно, винилот се појавува подоцна од линолеумот и како таков тој може лесно да се монтира и може да се купи во плочи, или како голема ролна што се сече според соодветни големини и мерки,слично како линолеумот. ПВЦ(поливинилен хлорид) материјалот од кој е направен винилниот под, е јасен во својата природна форма, дозволувајќи му на подното решение да се произведува во речиси секоја боја што може да се замисли.

Винилен под
Добри страни на винилот
  • Пониска цена за разлика од линолеумот
  • Лесна инсталација и нега
  • Широка достапност
  • Широк спектар на бои и дезени
  • Релативно добра отпорост на вода
лоши страни на винилот
  • Направено од необловливи нафтени продукти
  • Слојот за абење е потенок од линолеумот
  • Емитира мала количина на VOC (испарливи органски соединенија) во просторот за живеење.

Со оглед на тоа дека ве запознавме со добрите и лошите страни на двата вида подни решенија, време е да донесете одлука за вашиот иден нов под, но пред се посетете ја нашата веб страница и запознајте го големиот избор на подови од линолеум и винилни подови.

Тимот на OmniTec е тука да ви асистира низ целиот процес. Од консултација до надзор и инсталација, ние сме тука да се осигураме дека вие ќе го добието подното решени кое одговара на Вашите потреби!