• Post category:Блог

Спортот и рекреацијата се исклучително важен дел од нашето целокупно здравје. Кога би го зеле во предвид брзото и стресно темпо на живот со кое сите се соочуваме денес, неизбежните обврски поврзани со работата и семејството, слободното време кое би можеле да го посветиме на себеси и на вежбање е многу мало, некогаш дури и воопшто не постои. Токму поради ова е исклучително важно секогаш кога сепак ќе успееме да најдеме слободен момент за себе, да го искористиме опуштени и без притисок. 

Кога би ве прашале како најчесто сакате да го поминете слободното време, сигурни сме дека доста голем дел од вас ќе одговорат надвор, во природа, прошетка во парк или пак во трчање или возење велосипед. Овие активности, за жал не ни се достапни преку целата година, најповеќе заради доаѓањето на есента и зимата и опаѓањето на температурите. Во овој случај, мораме да се впуштиме во потрага по други алтернативи, како теретани и фитнес центри. Со цел да ни го овозможат искуството кое ни е потребно, неопходно е овие објекти да бидат доволно големи, да имаат функционален систем за вентилација, функционални и безбедни справи и тегови за користење. За крај, според нас најважно е овие објекти да имаат соодветна подна облога.

Подна облога за теретани и фитнес центри

Кога доаѓа ред да се одбере подна подлога за фитнес центар, често е случај клиентот да не е способен да ги согледа сите особини со кои таа подна облога треба да располага. Она што сопствениците на вакви објекти често го перцепираат како можеби најважен фактор е цената на подот. После цената, следни се изгледот, односно како подот естетски се вклопува во просторот во контекст на боја и текстура. На крајот, како последен фактор се оценува едноставноста во одржувањето.  За жал, при изборот на под, често пати како најважен фактор за избор на подното решение се зема финансискиот аспект, што е многу погрешен пристап.

Со цел да се обезбеди искуство кое е безбедно за посетителите на теретаната или фитнес салата, подната облога треба да исполни 2 најважни критеруми- безбедност и функционалност. Ова, преведно на јазикот на подовите, значи дека поставената подна облога треба да биде противклизна, отпорна на деформитети од оптеретување, еластичност и истовремено да има добра апсорпција на удар. Дури тогаш, кога подот ќе ги исполни овие 4 критериуми, може да почнеме да размислуваме за антибактериските својства, едноставноста во чистење и одржување, изгледот и дури на крај доаѓаат изгледот и цената.

Ставот дека добрата облога за фитнес салите и објектите мора да чини многу е за жал присутна, но е далеку од вистина. Ова било точно за периодите кога спортските подови сеуште биле нови на пазарот. Цената на справите за вежбање и теговите била доста висока, и нормално, во битката дали парите да се искористат за справи или за под, победувале справите. Денес, благодарение на развојот на индустријата и процесите на производство квалитетниот под за теретани повеќе не е луксуз. Сѐ што ви е потребно е да издвоите малку време за истражување и информирање на оваа тема за да дојдете до вистинското решение. За почеток, треба да си го поставите прашањето за каква намена ви е потребен овој под. Доколку на пример се работи за теретана, односно боди билдинг клуб, тогаш подното решение кое го барате е гума.

ОmniTec е генерален застапник за Reflex, унгарски бренд кој произведува гумени плочи од рециклирана гума. Гумата е достапна во ролни и плочи, во 3 различни бои и има дебелина од 2.5cm. Гумите се флексибилни и нудат апсорпција на удар, 2 многу важни карактеристики кои се исклучително важни за подно решение со ваква намена. За гумените плочи е исто така важно да се противклизни и да не впиваат вода и пот. Со ова, подот нуди превенција од незгоди и спротски повреди и заштита од ширење на бактерии. 

Од аспект на одржувањето, гумените плочи се одржуваат со помош на млака вода и наједноставен детергент. Од време на време, препорачливо е да се повика и сервис за машинско чистење кој подетално и потемелно би ги исчистил плочите. Уште еден совет кој ние од OmniTec би ви го дале, е повремено премачкувње на плочите со средство на база на восок, со што плочите би се заштитиле од траги предзивикани од гумите од патиките. Премачкувањето со подлога со восок на долг рок придонесува за намалување на времето за чистење. За крај, уште една многу важна бенефиција во која што може да се ужива откако ќе се постават гумените подови е антистатичноста на подот. Оваа карактеристика е особено важна за фитнес центри кои нудат кардио тренинзи, односно кои што користат справи како статичен точак, степер, ленти за трчање и сл, каде што целиот статички електрицитет кој се поризведува од користењето на справите треба да се спроведе во гумениот под. 

Да сумираме

Квалитетниот, издржлив и безбеден гумен под специјално наменет за објекти каде што се извршуваат спортски активности повеќе не е луксуз. Спортот, рекреацијата и физичката активност се од исклучителна важност за нашето здравје. Токму поради тоа мора да се осигураме дека теретаните и фитнес центрите нудат безбедни услови за извршување на овие активности. Како и секогаш, тимот на OmniTec е тука да ви помогне при изборот на совршеното подоно решение за вашата теретана и да се погрижи процесот на инсталација да е ефикасен, со загарантиран квалитет.