• Post category:Блог

“Зелените” иницијативи се присутни во секој сегмент од денешните модерни општества.  Градежништвото и индустриите кои се суплементарни на градежништвото не се исклучени од оваа иницијатива.

Во изминатата деценија особено во претходните неколку години, често слушаме за “eco-friendly“ материјали, односно материјали кои се добри за животната средина. Во категоријата на “eco-friendly“ материјали, можеме да издвоиме две различни поткатегории на материјали.

Првата категорија е материјали чие што потекло е од обновливи извори и се рециклираат, но се произведени со стандарни индустриски процедури. Втората категорија се т.н „органски“ материјали. Органските материјали во себе содржат додадена зелена компонента. Што ова значи? Ова би значело дека во процесот на добивање на материјалот, од одгледувањето на суровини од кои истиот е добиен па се до процесите на преработка и добивање на готов материјал, не се користат отрови или било какви штетни методи и процеси.
На пример, доколку суровина за даден материјал ја среќаваме шумата, при заштита на дрвјата од штетници не се користат отрови, туку се користат природни средства кои ги одбиваат штетниците, наместо да ги убијат.

Значи, може слободно да дојдеме до заклучок дека сите органски подови се и “eco-friendly” но не и сите “eco-friendly” подови се органски. Следно, прочитајте малку повеќе за 3-те најпознати органски подни решенија- линолеум, каучук и плута.

Линолеум

Кога разговараме за органски подови, неизбежно е а да не го споменеме линолеумот.

Пред некое време, ви објаснивме малку повеќе за тоа што е линолеумот и што се треба да знаете за ова подно решение. Сумирано, линолеумот е издржлив и флексибилен материјал кој се добива од загреана мешавина од масло од ленено семе, дрвени струганици, смола, мелена плута и јута. Технологијата на изработка на овој под е стара повеќе од еден век и низ времето скоро и воопшто да не се менувала. Процесот на изработка на линолеум подразбира едноставно, физичко и постапно соединување на сите состојки во средина која има стабилна температура од 30 степени. Откако процесот на соединување е готов, новодобиената смеса се излива на подлога. Подлогата на која се излива е антибактериска, антистатичка, отпорна на абење и тешко запалива. Кога на овие супериорни карактеристики, ќе го додадеме и фактот дека линолуемот е достапен во широка палета на бои, добиваме подно решение кое може да се прилагоди на потребите на ентериери креирани за различни намени. OmniTec е единствен и генерален застапник за FORBO, премиум производител на светски најпознатиот и најквалитетен линолуем- мармолеумот. Мармолеумот е дел од асортиманот производи на ОmniTec и е достапен во различни бои и нијанси.

Линолеум

Плута

Уште едно подно решение кое не може, а да не го споменеме е подот изработен од плута. Плутата е материјал кој е извонреден топлотен и звучен изолатор, антиалергена состојка и антимикотик, односно не е погоден за развој на гливици. Плутата не привлекува и не собира прашина и одличните топлотни карактеристики ја вбројуваат во подни решенија кои се погодни за семејства со деца. Плутата се продава во ролни и плочи. Плутата може да се постави на скоро секоја сува и компактна подлога, доколку претходно над истата се извршени добри подготовки во смисла на санирање на пукнатини и изработка на хидроизолација.

Плута

Каучук

Поради фактот што овој под е добар за природата, што поради моментот на економичност во понудата на органски подови доста добар избор претставува и подот од каучук. Смолата од која што се изработува подот од каучук се добива по физички пат, со засечување на кората и собирање на материјалот во канистери. Откако суровината ќе се собере, истата се суши и се пресува, исклучително во природни услови, без присуство на вештачки катализатори. Подовите од каучук исто така може да се најдат во ролни и плочи. Првенствено, ова подно решение се користи за специфични објекти како аеродроми, автобуски и железнички станици, хидро и термоелектрани или терминали на аеродроми. Ова се должи на фактот дека плутата има антибактериски, антистатички, антиакустични својства и висока отпорност на абење. Тоа што плутата се користи за објекти со специфична намена воопшто не значи дека не треба да ја одберете како подно решение за вашиот дом.
Со оглед на тоа дека не содржи канцерогени супстанци, или супстанци како хлор, кадмиум и пластификатори, плутата е 100% здрав и безбеден под.

Каучук

Да сумираме..

Органските и “eco-friendly” решенија се присутни во секоја индустрија. Градежната индустрија, посебно индустријата за подови не е исклучок. Органските подни решенија ги нудат истите предности и бенефиции како и сите други подни решенија, но со нивната инсталација добивате под кој е изработен од природни суровини, безбеден за вас и за вашата околина. Органските подови се подните решенија кон кои треба да се ориентираме сега, па и во иднина.