• Post category:Блог

За многу, на прв поглед оваа компарација нема да има смисла. Но, треба да имате на ум дека  индустријата и технологиите за производство на подни решенија се значително поразвиени од тоа што некогаш биле. Постоечките решенија кои во прво време биле користени за една намена, се модифицираат, усовршуваат и се добиваат потполно нови подни решенија кои можат да се искористат во тотално различни простори.  Па така, ако сте во процесот на барање на ново подно решение и сте отворени за различни опции- тогаш овој текст е за вас. Денес, зборуваме за компарацијата меѓу ламинат и линолеум. Споредуваме неколку различни категории и ви доловуваме кои се силните страни на двата материјали за под.

Па, да започнеме! 

Издржливост

Кој е поиздржлив-линолеумот или ламинатот? 

Линолеумот е многу издржливо подно решение. Овој материјал често се јавува како избор на подно решение за училишта, така што ако може да издржи илјадници малечки стапала како поминуваат преку него секој ден, тогаш скоро сме сигурни дека може да ја издржи фреквентноста на движење во вашиот дом со леснотија. Голем дел од производителите на линолеум даваат и 25 годишна гаранција за подот, што е навистина позитивен аспект. Но, со правилно одржување, редовно чистење и нега на линолеумот со восок, овој под може да трае и до неверојатни 40 години.

Ламинат во простор

Ламинатот има слична издржливост како и линолеумот. Ламинатот е далеку поиздржлив од подот изработен од дрво, во многу аспекти. Ова, го прави ламинатниот под совршен избор за домови каде што има деца или пак домашни миленици. Друга предност на ламинатот е што е скоро па и неверојатно да направите дупка во подот, и е доста отпорен на флеки. Иако издржлив, ламинатот не е комплетно отпорен на оштетувања. Влечењето на мебел е една од активностите која што не се препорачува доколку дома имате поставено под од ламинат. Движењето со потпетици и фрлањето остри предмети на земја се уште некои примери за работи кои не се добри за ламинатот. Сепак, ако сте во потрага по нешто што може да издржи голема фреквентност на движење, или повремени штети направени од деца или миленици, тогаш ламинатот е добар избор за вас. Негативната страна на ламинатот е доколку истиот се оштети, тогаш е практично неверојатно да се замени брзо и едноставно. Единственото решение во тој случај е да поставите некоја саксија или да ја менувате целата плочка ламинат. Линолеумот исто така не е отпорен на штети предизвикани од остри предмети или одење со потпетици. Тешки парчиња мебел оставени на исто место подолго време исто така предизвикуваат појава на вдлабнатини во подот. 

Сигурност и безбедност за природата

Кој под е побезбеден, линолеумот или ламинатот?

За оние кои се во потрага по одржливо решение за под, кое е добро за природата линолеумот е совршениот избор за ова. Линолеумот е материјал кој е изработен од масло од ленено семе, смола, минерали и други природни материјали. Модерните технологии за производство го направија линолеумот трајно и атрактивно подно решение. Ламинатот од друга страна, во повеќето од случаите не е eco-friendly, освен доколку специфично не се побара да се изработи таков. Ова не е случај со линолеумот, бидејќи без разлика на произведувачот, материјалот е безбеден за природата. 

Отпорност на вода

Дали ламинатот и линолеумот се отпорни на вода?

Линолеумот како подно решение е отпорно на вода. Сепак, важно е да се напомене дека линолеумот не е комплетно водоотпорен. Доколку подот е изложен на големо количество на влага, големи се шансите дека ќе предизвика штети на подот. Ова треба да се има на ум кога имате во план да го поставите линолеумот во простории како бања или кујна. Друг момент на кој треба да се внимава е поставувањето на линолеумот во подрумски простории. Тука мора да се осигураме дека подлогата на која се поставува линолеумот е сува, пред истиот да се постави. Ламинатот иако се рекламира како водоотпорен избор на под, сепак ова не е во целост точно. Брзото собирање на истурените течности е од исклучителна важност. Доколку течноста пробие во просторите каде што се спојуваат плочите, постои ризик да дојде до дуење и виткање на плочите од линолеум. Освен ако не ви пречи подот да ви е надуен, во овој случај би морало да дојде до целосно заменување на оштетените плочи.

Laminatot e otporen na voda no ne e celosno vodootporen
Линолеумот е отпорен на вода, но не е комплетно водоотпорен.

Едноставност во инсталација

Кој под е поедноставен за поставување?

Ламинатот можеби е нај DIY-friendly опција за подови. Едноставноста во поставувањето од вас бара само време и основен алат. Еден викенд би ви бил доволен сами да поставите ламинат во поголема соба. Сѐ што би ви било потребно за сами да поставите ламинат е основа, трпение да поставувате плоча по плоча и по можност пријатели или членови на семејството да ви помогнат. Во поново време, дури некои произведувачи ги продаваат плочите со веќе поставена основа на позадината на плочата, со што сте поштедени од еден чекор. Но, при поставувањето на ламинатните плочи треба да внимавате бидејќи тие се изработени од пресуван картон и се многу кревки. Доколку не сте внимателни при поставување, може да го оштетите системот што ги спојува плочите заедно. Ова за жал, може да резултира со плоча која е бескорисна. Линолеумот слично како и ламинатот може да доаѓа во клик-планкови, но почесто се среќава во плочи или ролни. Инсталацијата на плочите или ролните бара доста работа и прецизност, така што најдобро е ова да им го препуштите на професионалнците. 

Едноставност во одржувањето

Кој под е поедноставен за одржување?

Доколку имате дом полн со малечки стапала (или шепи) тогаш издржливоста на подот не е ваша најголема грижа. Нешто на кое што треба да мислите претходно е дали подот е лесен за одржување. За чистењето на линолеум не ви се потребни посебни метли и џогери. Стандарна метла и благо средство се доволни да се отстрани насобраната нечистотија. Истите работи важат кога е во прашање и ламинатот. Издржливоста на ламинатот значи дека истиот е лесен за чистење. Иако на пазарот можат да се најдат специјализирани џогери и метли за ламинат, и регуларните се подеднакво добри. Одржувањето на ламинатниот под не значи дека треба да правите некакви додатни инвестиции во средства или опрема за чистење.

Поправка на штети

Кој под е полесен за поправка?

Несреќите се случуваат и се дел од животот, можеби почесто кога имате мали деца дома. Некогаш овие несреќи можат да доведат до искршен прозорец, но многу почесто можат да доведат до оштетен под. Доколку во една точка од времето сте се одлучиле за ламинат, единствено нешто што можете да направите е да се обидете да ја прикриете штетата и да се помирите дека вашиот под има штета. Секоја поголема штета на подот подразбира промена на ламинатот.  За среќа, ова не е случај со линолеумот. Тука треба да имате во предвид дека линолеумот не е неуништлив, но е многу поотпорен на штети од ламинатот. Бојата која ја гледаме на основата на линолеумот понира во подлабоките слоеви на материјалот. Ова значи дека доколку дојде до штета, горниот слој може да се преработи, со што би се средиле некои помали штети.

Репутација

Кој под има подобра репутација?

Со години, линолеумот имал лоша репутација помеѓу сопствениците на домови. При реновирања, обично подот од линолеум бил прв отстранет. Благодарение на иновациите во технологијата и процесите на производство, линолеумот доживува своевидна “ренесанса”. Интересот за линолеум како природно и високоиздржливо подно решение расте. Ламинатот иако нема генерално лоша репутација, сепак постојат луѓе кои го сметаат за ефтино и несофистицирано подно решение. Главната мисконцепција околу ламинатот е дека е креиран да имитира подови од дрво, но тоа не е случај. Основата на ламинатот е пресувано дрво, но површинскиот слој е практично само налепница. Тоа значи дека поставениот ламинат може да реплицира било што- керамички плочи, природен камен и слично. Сепак, ламинатот често е под од избор на клиенти кои целат кон впечатокот што подовите од дрво го креираат, но располагаат со лимитирани буџети.

postaven linoleum vo prostor
Линолеум во простор

Што би можеле да сумираме?

За крај, една работа може да сумираме со сигурност. Ламинатот и линолеумот се издржливи, модерни и трајни подни решенија кои често пати се надвор од игра поради перцепцијата дека се ефтини и не креираат впечаток на естетика во просторот. Двата пода се лесни за одржување и се ценовно слични. Единствената разлика е што ламинатот за разлика од линолеумот е полесен за инсталација, но не е толку отпорен на штети.

 

Доколку сте во потрага по нешто ново и нетрадиционално, или пак доколку сакате да креирате ултра креативни простори, линолеумот е вистинскиот избор за вас. OmniTec е генерален застапник на светски најпознатиот производител на линолеум Forbo. Погледнете ја деталната понуда на линолеум, форми и дизајни на нашата веб страна