• Post category:Блог

Кога го дизајнирате вашиот деловен простор, има многу чекори кои што треба да се земат предвид. Можеби сте толку зафатени со размислување за распоредот на вашиот простор и со разгледување на теоријата на бои што ќе заборавите колку е важен подот. Додека ги избирате материјалите за канцелариски подови, формата и функцијата треба да бидат важни фактори. Овде, во овој блог ќе го разгледаме најдобриот под за секоја област од вашата канцеларија.

Да започнеме..

приемНА ЗОНА

Приемната зона е првиот простор со кој посетителите се среќаваат кога влегуваат во вашата канцеларија, па нејзиниот изглед има важна улога во создавањето на првиот впечаток. Но, покрај дизајнот, треба да се земе предвид и високата фреквенција на движење. Подното решение во оваа зона треба да помогне во задржувањето на нечистотијата и влагата уште при влезот, како и да овозможи полесно одржување на просторот. За вакви услови, Forbo Coral е практично решение за влезни и приемни зони, со висока отпорност на интензивна употреба и ефикасно задржување на нечистотијата и влагата

Coral entrance flooring
Канцелариски простор

Во канцеларискиот простор подот треба да одговори на повеќе потреби истовремено – естетика, акустика, издржливост и удобност при секојдневното користење. Во open-space канцелариите, каде што има постојано движење и разговор, изборот на подна облога може значително да влијае на акустиката и работната атмосфера. Теписонските плочи се едно од практичните решенија за вакви простори, бидејќи придонесуваат за подобра акустика, овозможуваат различни дизајнерски комбинации и по потреба можат да се заменат поединечно.

Carpet tiles
Сала за состаноци

Салата за состаноци е простор во кој се одржуваат важни состаноци со клиенти, партнери и деловни соработници, па секој детал е важен. Подот треба да придонесе за професионален изглед, пријатна атмосфера и добра акустика. Хибридните теписони Flotex комбинираат изглед и комфор со издржливост и лесно одржување, што ги прави одлично решение за сали за состаноци со честа употреба.

Flotex
КујнА И КАФЕ ЗОНА

Кујната и кафе-зоната во канцеларијата се простори со секојдневна и интензивна употреба, каде што подот е изложен на истурање течности, нечистотии и често чистење. Затоа, при изборот на подна облога важно е таа да биде отпорна, лесна за одржување и соодветна за простори во кои може да дојде до истурање храна и пијалаци. Винилните подови се практично решение за вакви зони, со широк избор на дезени и изгледи кои лесно се вклопуваат во современи канцелариски ентериери.

Vinyl

Имајќи го ова на ум, би требало да биде малку полесно да го направите најдобриот избор за вашиот канцелариски простор. Вашиот под треба да биде една од најдобрите карактеристики на вашата канцеларија, и ако ви треба било каква помош, тогаш Омнитек го има најдоброто решение. Ние сме искусни во обезбедување решенија за подови за сите видови канцелариски средини, од кујнски под до теписонски плочи и винилени подови.

За било какви консултации во врска со вашите идеи и избор на подни решенија, нашиот стручен тим Ви стои на располагање. Контактирајте не info@omnitec.mk.

Ве очекуваме!