При производството на лекови, изборот на градежни материјали е подложен на строги регулаторни и технички барања, особено во просториите каде што се одвива производствениот процес.
За просториите со високи хигиенски барања во овој објект беше избран хомогениот винилен под Forbo Sphera Element. Благодарение на својата хомогена структура и техничките карактеристики, Sphera Element овозможува лесно одржување и е соодветно решение за простори каде што хигиената и чистотата се од особено значење.
Подот е поставен согласно упатствата на производителот, со заварување на споевите и изведба со холкер лајсна, со што се добива континуирана и лесна за одржување површина.
- Тип на објект: Производствен погон
- Локација: ТИРЗ Бунарџик
- Вид на поставен под: FORBO Sphera Element – хомоген винилен под
- Бенефити од поставен под: Лесно одржување и соодветност за простори со високи хигиенски барања
- Поставена површина: 1000m2






