• Post category:Блог

Flotex-от е уникатнo подно решение со високи перформанси кој ги комбинира  издржливите карактеристики на еластичен под со квалитет, топлина и удобност на материјалот кој го прават погоден под за домашна и комерцијална средина. Flotex е познат по своите хигиенски способности и претставува текстилен под што навистина може да се пере.

Материјалот Flotex има способност да заробува микроскопски алергени и прашини. Лесно се чисти и се пере со десет (10) години гаранција за абење и боја. Идеален е за канцеларии, кина, болници, ресторани, хотели, банки и многу повеќе.

OmniTec е единствен дистрибутер на материјалот Flotex од премиум производителот FORBO. За повеќе информации за производите и инсталацијата на Flotex, може да не исконтактирате на  info@omnitec.mk

Па да ги сумираме неколку факти за материјалот Flotex.

Спецификации на материјалот

Flotex-от е направен од цврст винил, цврста основа со густо набиена површина од најлон 6.6. влакна, кои се цврсто закотвени во основниот слој. Исклучително е димензионално стабилен и има изглед на текстилна подна покривка, додека е функционална, издржлива и лесна за чистење како и секоја еластична подна покривка.

Издржлив и удобен

Материјалот е доста издржлив и цврст препишувајќи го тоа на 80 милиони најлон 6.6. влакна на m2 кои се набиени на покривката, и како резултат на тоа се чувствува тишината и удобоста на амортизираната подлога

Делува хигиенски во просторот

Најлонските влакна не само што обезбедуваат апсорпција на звукот и удобност при газење, туку и ги абсорбираат алергените и ситната прашина кои се наоѓаат во воздухот, и сето тоа го ослободуваат при секое чистење во суви и влажни услови. Со својата конструкција, Flotex е заштитен од мувла и мириси, притоа задржувајќи го својот изглед.

Едноставно и лесно се пере

Едноставното секојдневно чистење со правосмукалка ја отстранува нечистотијата или прашината заробена во густата најлонска површина. Сепак, може да се користи и чистење со пареа или длабинско механичко чистење поради поголема нечистотија, за што е потребен минимум неутрален детергент. Едноставната акција за чистење на материјалот го враќа Flotex-от во својот првобитен изглед. Широката палета на бои и дизајни во кои се нуди Flotex-от ќе ви овозможи пријатна подна покривка за секоја околина. 

Безбеден е и апсорбира звук

Flotex-от обезбедува ниски перформанси на ударен шум во просторијата (класа А), како и добро намалување на звукот од ударот (дури и до 20 dB), што значи имате загарантирана тивка просторија. Flotex исто така ги исполнува HSE класификациите за отпорност од пролизгување во влажни и суви услови.

Доколку се чувствувате дека Flotex-ot е подното решение кое ви треба,после споделувањето на неговите карактеристики во овој блог пост,  тимот на OmniTec е тука да ве асистира низ целиот процес. Од консултација до надзор и инсталација, ние сме тука да се осигураме дека вие ќе го добиете подното решение кое одговара на Вашите потреби.