Производствениот погон за електросензитивни компоненти за автомобилската индустрија, лоциран во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Бунарџик, е опремен со електроспроводлив винилен под во плочи со Cleanroom стандард.
За проектот беше избран Forbo Colorex EC, електроспроводлив винилен под во плочи, наменет за простори каде што е потребна контрола на електростатичкото празнење. Colorex EC содржи графитни гранули кои овозможуваат спроведување на електрицитетот кон заземјувањето. Плочите се со димензии 610 × 610 mm и дебелина од 2 mm.
Поставувањето е изведено со графитен лепак и бакарни траки, додека споевите помеѓу плочите се машински заварени со соодветна електрода. Овој начин на изведба обезбедува континуирана електроспроводлива подна површина, соодветна за производствени простори со специфични технички барања.
- Тип на објект: Производствен погон
- Локација: ТИРЗ Бунарџик
- Вид на поставен под: Forbo Colorex EC – електроспроводлив винилен под во плочи
- Бенефити од поставен под: Електроспроводливост и контрола на електростатичкото празнење
- Поставена површина: 2400m2






