Уште една образовна институција во низата проекти реализирани од Omnitec доби подни решенија прилагодени на различните намени на просторот
Во основното училиште „Киро Глигоров“ беа поставени повеќе видови подови во различни простории, во зависност од нивната намена и специфичните барања.
Во училниците беа поставени 3.000 m² Eternal Wood, винилен под од производителот Forbo, избран поради својата издржливост и практичност за секојдневна употреба.
За училишната бина, на површина од 200 m², беше поставен Forbo Sarlon Acoustic, винилен под со акустична подлога кој придонесува за подобар акустичен комфор во просторот.
Во спортската сала, Omnitec реализираше поставување на 1.000 m² PVC Vinyl Sportline од производителот Forbo. Подното решение е наменето за спортски простори и обезбедува соодветни услови за изведување на различни спортски активности.
- Тип на објект: Образовна институција
- Локација: Скопје
- Вид на поставен под: FORBO- Eternal WOOD original, PVC Sarlon, PVC Vinyl Sportline
- Бенефити од поставен под: Издржливост, акустичен комфор и соодветност за различни намени
- Поставена површина: 4200m2






