Проект Фитнес центар Палестра East Gate

Новоотворениот фитнес центар Палестра во трговскиот центар East Gate, е проект на кој што се поставени повеќе видови на подни решенија кои ќе придонесат кон сигурност и безбедност при извршувањето на спортски активности.

Нашиот тим се фокусираше на професионална изведба во сите простории на овој објект, и во овој случај, станува збор за 4 видови на подови. На самиот влез во теретаната (лоби), како и во собите за масажа е поставен Flotex материјалот од производителот FORBO на површина од 80м2 обезбедувајќи карактеристики на удобно, безбедно и хигиенско подно решение. Во делот за извршување на спортските активности и пресоблекувални, Омнитек постави 700м2 Surestep by FORBO, материјал кој e издржлив, безбеден и отпорен на пролизгување, како и гумени плочи и ролни од производителот ReFlex кои се поставени на површина од 155м2 давајќи карактеристични услови за висококвалитетен избор на подно решение со апсорпција на удар при пад и противклизен систем на заштита.

  • Тип на објект: Фитнес центар
  • Локација: Скопје
  • Вид на поставен под: FORBO- Surestep, FORBO- Flotex, ReFlex- heavy duty, rubber sheet.
  • Бенефити од поставен под: Издржливост, отпорни на пролизгување, апсорпција на звук, апсорпција на удар.
  • Поставена површина: 950m2
Влез во фитнес центар
Пресоблекувална
Пресоблекувална
Соба за масажа
Соба за масажа

КОРИСТЕНИ ПРОИЗВОДИ