Мотоцентар во East Gate Mall избра комбинација од две Forbo подни решенија – Flotex хибриден теписон во плочи и Allura Flex винилен под.
Во просторот е поставен Flotex, хибриден теписон со густа површина и фини влакна, кој комбинира удобност при газење со практичност при одржување. Неговата структура овозможува подна површина погодна за простори со секојдневна употреба и поголема фреквенција.
Како дополнување, Allura Flex винилниот под овозможува комбинација на различни дезени и формати, со лесна и брза инсталација и издржливост за комерцијални простори.
Комбинацијата на двата материјала овозможи функционално и визуелно разновидно подно решение прилагодено на карактерот на просторот.
Вкупната поставена површина во Мотоцентар изнесува 200 m².
- Тип на објект: Комерцијален простор
- Локација: Скопје
- Вид на поставен под: Flotex хибриден теписон во плочи и Allura Flex винилен под
- Бенефити од поставен под: Удобност, издржливост и лесно одржување
- Поставена површина: 200m2








