Овој проект вклучуваше поставување на под во објект судница во склоп на затворот во Идризово, Скопје.
Материјалот од избор беше теписон FORBO Tessera L&O– продукт од премиум брендот FORBO. Материјалот од кој што е изработен теписонот директно влијае на зголемување на акустичноста на просторијата што го прави одличен избор на под за административни објекти. Процесот на поставување на подот започна со поставување на нивелирачка маса со цел да се постигне фино израмнување на кошулката. Тепихот во форма на плочи е поставен со делумно лепење со помош на чичак лепак. Ваквиот начин на лепење овозможува лесна замена, во случај на оштетување на материјалот.
Вкупната поставена површина изнесува 300m2.
- Тип на објект: Административен објект
- Локација: Судница дел од КП Идризово
- Вид на поставен под: Теписон FORBO Tessera L&O
- Бенефити од поставен под: Зголемување на акустичност
- Поставена површина: 300m2


