Проект Компјутерска канцеларија

Компјутерска просторија која си доби современо и издржливо подно решение со висок степен на долготрајни перформанси.

Во просториите на Факултетот за ликовна уметеност, во компјутерската просторија се постави двоен под со завршна винилна подлога од производителот CBI Europe.

CBI Europe е водечки производител на подигнати пристапни подови. Подигнатите подови се дизајнирани за површини од која било големина и се еколошки одржливи (сертифициран за EPD), гарантираат одлични перформанси за безбедност од пожар (REI 30 / REI 60) и отпорност на оптоварување. Тие се карактеризираат со леснотија и квалитет на материјалите, оптимизирање на транспортот, брзина на поставување и реконфигурабилност на околините.

Вкупната површина која нашиот тим ја постави во оваа просторија е 120м2.

  • Тип на објект: Канцералија
  • Локација: Скопје
  • Вид на поставен под: CBI Europe- двоен под со завршно ПВЦ
  • Бенефити од поставен под: Еколошки одржливи, безбедност од пожар, отпорност од оптоварување.
  • Поставена површина: 120m2