Проект Инфо Биро – Скопје

Кога нештата се работат со многу љубов, резултатот секогаш изгледа фантастично.

Инфо биро е софтверска компанија која развива и нуди апликативни софтверски решенија. Оваа сосема нова канцеларија се наоѓа во Скопје со панорамски поглед на градот.

Изборот на материјалот овој пат падна на акустичниот и хетероген винил Sarlon Acoustic 15/19db на премиум производителот FORBO.

Во неколку различни бои, се постигна разнoвидноста во просторијата и создавање на една малце повесела атмосфера во секојдневното работење. Со своите акустични перформанси, ова подно решение ќе придонесе работните часови да поминуваат во една потивка средина која може да биде од суштинска важност за компанијата.


Вкупната површина која беше поставена во оваа канцеларија изнесува 450м2.

  • Тип на објект: Канцералија
  • Локација: Скопје
  • Вид на поставен под: FORBO -Heterogeneous vinyl SARLON ACOUSTIC 15/19DB
  • Бенефити од поставен под: Зголемена акустичност во работниот простор
  • Поставена површина: 450m2

КОРИСТЕНИ ПРОИЗВОДИ