Овој проект вклучуваше изработка на под во објект од адмнистративен тип- Дирекција на Оne/Vip. Видот на под кој што беше поставен во овој објект е теписон во плочи и винил ролни.
Тепсионот во плочи кој е поставен во овој административен објект е продукт на премиум производителот Forbo. Се работи за моделот Tessera L&O, теписон кој е одличен избор на под за административни објекти бидејќи придонесува за зголемена акустичност во работниот простор каде што е поставен. Пред поставување на подот, е поставена нивелирачка маса со цел фино израмнување на кошулката, кое обезбедува одлична инсталација на теписон плочите. Ваквиот начин на лепење овозможува лесна замена на плочите во случај на оштетување. Одбрани се различни дезени за различен тип на простории (сала за состаноци, сала за конференции и слично), со цел да се постигнe визуелно диференцирање.
ALLURA FLEX се смета за високо квалитетен и претставува специфичен дизајн во програмата на производи од производителот Forbo. Од овој тип на материјал може да се бира помеѓу две варијанти во однос на дебелина, фреквентност, формат и голем избор на дезени. Предноста на овој материјал е лесната и брза инсталација, како и издржливоста при што се обезбедуваат трајни перформанси.
- Тип на објект: Административен објект-Дирекција
- Локација: Скопје
- Вид на поставен под: Теписон во плочи FORBO Tessera L&O и Vinyl Allura Flex 0.55
- Бенефити од поставен под: Зголемена акустичност во работниот простор
- Поставена површина: 7000m2




