Врвен материјал за врвен изглед на вашата канцеларија! Проект со кој се гордееме на крајниот резултат.
Овој пат, станува збор за канцеларии во Скопје наменети за помош на социјални претпријатија. Изборот на материјалот во овој објект беше хетероген винил во ролни Eternal Colour and Eternal material и теписон во плочи Tessera Layout&outline на премиум производителот forbo.
Разновидноста на палета на бои и дизајни на хетерогениот винил нуди можност да се создаде било каква посакувана атмосфера во секој простор. Eternal colour и Eternal material нудат иделано решение во средина како што се канцеларии, училишта итн.
Од друга страна, теписонот кој беше поставен во дел просторот директно влијае на акустичноста на просторијата што го прави одличен избор за простории каде што би се одржувале презентации и конференции.
Процесот на поставување на премиум материјалите е составен од неколку делови секој зависен еден од друг. Нашиот тим се потруди да ги склопи сите точки за на крај да го добиеме овај резултат.
Вкупната површина која беше поставена во оваа канцеларија изнесува 150м2.
- Тип на објект: Канцералија
- Локација: Скопје
- Вид на поставен под: FORBO -Heterogeneous vinyl Eternal Material and Eternal Colour, FORBO-Tessera Layout & Outline
- Бенефити од поставен под: Зголемена акустичност во работниот простор
- Поставена површина: 150m2

