Проект Канцеларија Webhelp

Тим кој напорно работеше преобразувајќи го стариот простор во прекрасна, модерна канцеларија со вградување на дупли под и теписонски плочи.

Webhelp е мултинационална глобална компанија за техничка поддршка и грижа на корисници, аутсорсинг и консултантски услуги за деловни процеси во Скопје. Канцелариите се наоѓаат во центрот на градот и се сосема реновирани и присбособени за нивната потреба.

Изборот на материјалот за канцеларискиот простор на Webhelp беа теписонски плочи на Forbo вградени на дупли под од производителот CBI Europe поставени од нашиот стручен тим според проетк и дизајн на архитектонското студио Тетрактис.

Во неколку бои, се постигнуваат боите по кој овој бренд е претпознатлив за јавноста. Со своите акустични перформанси, ова подно решение ќе придонесе работните часови да поминуваат тивко, што може да биде од клучно значење за еден ваков тип на компанија каде постојано се пружа грижа на корисници ширум светот.


Вкупната површина која беше поставена во оваа канцеларија изнесува 750м2 теписонски плочи, а 580м2 дупли под.

  • Тип на објект: Канцералија
  • Локација: Скопје
  • Вид на поставен под: FORBO -Tessera Layout&Outline; CBI Europe – Raised access floor
  • Бенефити од поставен под: Зголемена акустичност во работниот простор
  • Поставена површина: 750m2

КОРИСТЕНИ ПРОИЗВОДИ