Едукативниот центар доби современ изглед со комбинација од различни подни решенија прилагодени на карактерот и намената на просторот.
Центарот е посветен на висококвалитетно образование и нуди изучување на роботика, математика и физика, технологија, како и области од хемијата и биологијата. Во просторот беа комбинирани повеќе бои на хетерогениот винилен под Forbo Sarlon Modul’up, со што се создаде визуелно разновидна и динамична подна површина.
Покрај винилниот под, беа поставени и теписонски плочи од колекцијата Tessera Layout & Outline, исто така во различни бои. Комбинацијата на двата материјала овозможи визуелно да се одделат различни делови од просторот, а истовремено да се обезбеди попријатен акустичен комфор во едукативната средина.
- Тип на објект: Едукативен центар
- Локација: Скопје
- Вид на поставен под: FORBO -Tessera Layout&Outline; Heterogeneous vinyl Sarlon Modul’up
- Бенефити од поставен под: Зголемување на акустичноста во просторот и пријатно чуство при газење.








