Омнитек ДОО е македонска компанија, формирана во 2017 чија основна дејност е продажба и монтажа на висококвалитетни подни решенија за сите видови на комерцијални објекти (деловни канцеларии, ресторани, болници, ординации, продажни објекти, градинки, сали за вежбање и слично.
Дејноста на компанијата има важно социјално значење и поради тоа една од основните задачи на нашиот колектив е социјална одговорност пред општеството, која пред се, се сведува на стриктно почитување на сите градежни норми и стандарди и сите норми за заштита на животна средина, што заедно обезбедува високо ниво на безбедно живеење.
Поради зголем обем на работа, имаме потреба од следната работна позиција, на полно работно време:
ГРАДЕЖЕН ТЕХНИЧАР
Квалификации:
- Сооодветно средно образование,
- Работно искуство во градежништво најмалку 3 години
- Познавање на MS Office пакетот и AutoCAD
Способности и вештини:
- Посветеност на работа
- Уредност, одговорност и прецизност
- Добри познавања од градежна сфера
- Познавање на законодавство во сфера на градежништво или спремност за запознавање на законодавството
- Почитување на рокови
- Самоиницијативност и способност да се работи самостојно и во тим
Работни обврски:
- работните задачи се извршуваат во и надвор од седиштето на компанијата ,односно на терен, на градилишта каде што се реализираат проектите, но и во седиштето на компанијата
- одредување на термини и услови за изградба;
- планирање на процедурите на градба и извршување на припрема за градба;
- набавка и проверка на квалитет и количини на градежни материјали;
- организирање и координирање на материјалните и човечките ресурси;
- преглед и инспекција на напредокот на работата на објектите со нивно редовно обиколување;
- надгледување на опремата на градилиштето и обезбедување соодветни и безбедни услови за работа;
- надзор на градилиштето, координирање и усогласување на работата според градежни проекти;
- надзор на работници.
Ние нудиме:
- Месечни примања соодветни на пазарот на труд во државата
- Работно време 40 часа неделно
- Работа во добар колектив
Доколку сте заинтересирани за работа во здрава работна средина со професионален тим на Омнитек ДОО, испратете го вашето CV со назнака „Градежен техничар“ на e-mail адресата: info@omnitec.mk
Ве очекуваме!