Едукативен центар SkyLab

Едукативниот центар доби современ изглед со комбинација од различни подни решенија прилагодени на карактерот и намената на просторот.

Центарот е посветен на висококвалитетно образование и нуди изучување на роботика, математика и физика, технологија, како и области од хемијата и биологијата. Во просторот беа комбинирани повеќе бои на хетерогениот винилен под Forbo Sarlon Modul’up, со што се создаде визуелно разновидна и динамична подна површина.

Покрај винилниот под, беа поставени и теписонски плочи од колекцијата Tessera Layout & Outline, исто така во различни бои. Комбинацијата на двата материјала овозможи визуелно да се одделат различни делови од просторот, а истовремено да се обезбеди попријатен акустичен комфор во едукативната средина.


  • Тип на објект: Едукативен центар
  • Локација: Скопје
  • Вид на поставен под: FORBO -Tessera Layout&Outline; Heterogeneous vinyl Sarlon Modul’up
  • Бенефити од поставен под: Зголемување на акустичноста во просторот и пријатно чуство при газење.

Лабараторија за роботика
Лабараторија за хемија и биологија
Лабараторија за математика и физика
Лабараторија за изучување на технологијата
Канцелариски дел
Канцелариски дел

КОРИСТЕНИ ПРОИЗВОДИ