Инфо Биро – Скопје

Forbo Sarlon Acoustic винилен под за канцеларии – Инфо Биро, Скопје

Кога нештата се работат со многу љубов, резултатот секогаш изгледа фантастично.

Инфо Биро е софтверска компанија која развива и нуди апликативни софтверски решенија. Нејзините нови канцеларии се наоѓаат во Скопје и нудат панорамски поглед на градот.

Изборот на материјалот овојпат падна на Sarlon Acoustic 15/19 dB, акустичен хетероген винилен под од производителот Forbo.

Со примената на неколку различни нијанси, во просторот е постигната визуелна разновидност и создадена е пријатна, динамична атмосфера за секојдневното работење. Благодарение на своите акустични перформанси, ова подно решение придонесува за попријатна и потивка работна средина, што е особено значајно во канцелариски простори.


Вкупната површина која беше поставена во оваа канцеларија изнесува 450м2.

  • Тип на објект: Канцеларија
  • Локација: Скопје
  • Вид на поставен под: Forbo Sarlon Acoustic 15/19 dB – хетероген винилен под
  • Бенефити од поставен под: Подобрен акустичен комфор во работниот простор
  • Поставена површина: 450m2

КОРИСТЕНИ ПРОИЗВОДИ