Центар за социјални претпријатија Скопје

За канцелариите на Центарот за социјални претпријатија во Скопје, Omnitec реализираше подно решение со комбинација од хетероген винил во ролни и теписонски плочи.


За различните делови од просторот беа избрани Eternal Material и Eternal Colour, на Forbo Flooring како и Tessera Layout & Outline. Комбинацијата на различни бои, дезени и материјали овозможи функционално и визуелно разновидно решение, прилагодено на намената на просторот

Хетерогениот винил овозможува издржлива и лесна за одржување површина, погодна за канцелариски простори, додека теписонските плочи придонесуваат за подобар акустичен комфор. Теписонот е поставен во дел од просторот наменет за презентации и конференции.

Процесот на поставување на премиум материјалите е составен од неколку делови секој зависен еден од друг. Нашиот тим се потруди да ги склопи сите точки за на крај да го добиеме овај резултат.


Вкупната површина која беше поставена во оваа канцеларија изнесува 150м2.

  • Тип на објект: Канцералија
  • Локација: Скопје
  • Вид на поставен под: FORBO -Heterogeneous vinyl Eternal Material and Eternal Colour, FORBO-Tessera Layout & Outline
  • Бенефити од поставен под: Издржливост, лесно одржување и подобрен акустичен комфор
  • Поставена површина: 150m2

КОРИСТЕНИ ПРОИЗВОДИ