СГГУ Здравко Цветковски – Скопје

Во Средното училиште „Здравко Цветковски“ во Скопје реализиравме поставување на линолеумски и винилни подни решенија, прилагодени на потребите на образовен објект со секојдневна и интензивна употреба.

За различните простории беа избрани Forbo Marmoleum Marbled и Forbo Allura Flex, решенија кои комбинираат функционалност, издржливост и современ дизајн.

Избрани подни решенија

Forbo Marmoleum Marbled е линолеумско подно решение изработено од природни суровини, со ниски емисии и без пластификатори и синтетички адитиви.
Благодарение на своите карактеристики, Marmoleum е погоден за различни типови објекти, вклучително и образовни институции, здравствени установи и фармацевтски објекти. Во зависност од спецификацијата, достапни се и решенија со специфични технички карактеристики, вклучително и акустични и спроводливи варијанти.

Forbo Allura Flex е модуларно винилно подно решение со широк избор на дизајни и формати. Неговата конструкција овозможува практична и брза инсталација, додека издржливоста го прави соодветен избор за простории со интензивна секојдневна употреба.

Проектот е пример за примена на комерцијални подни решенија во образовни институции, каде изборот на материјал треба да ги земе предвид секојдневното оптоварување, одржувањето и специфичните барања на просторот.

  • Тип на објект: Образовна институција
  • Локација: Скопје
  • Вид на поставен под: FORBO – Marmoleum Marbled & Vinyl Allura Flex 0.55
  • Клучни Бенефити: Издржливо подно решение од природни материјали и современ амбиент кој придонесува за пријатна средина за учење и концентрација
  • Поставена површина: 905m2

КОРИСТЕНИ ПРОИЗВОДИ