Rooftop bar and restaurant SkyCorner е проект лоциран во срцето на Охрид. За овој објект е избрана уникатна комбинација од винил и теписон, односно хибриден винил/теписон.
Хибридниот винил/теписон во ролни е производ на премиум производителот Forbo – Flotex. Овој тип на под ги обединува карактеристиките на винилот и теписонот, создавајќи подна површина со висока акустичност, пријатно и меко чувство при газење, висока издржливост и едноставно одржување.
Поставувањето на подот започна со нанесување на нивелирачка маса за фино израмнување на кошулката. Ролните од хибриден винил/теписон беа поставени со целосно лепење, како долгорочно решение и за постигнување максимална димензионална стабилност.
Одбраниот дезен на хибридниот винил/теписон е инспириран од самото Охридско Езеро, со што подното решение се вклопува во карактерот и амбиентот на просторот.
Вкупната поставена површина изнесува 150 m².
- Тип на објект: Угостителски објект
- Локација: Охрид
- Вид на поставен под: Хибриден винил/теписон во ролни FORBO Flotex
- Бенефити од поставен под: Акустичен комфор, пријатно чувство при газење, издржливост и лесно одржување
- Поставена површина: 150m2




