Дирекција A1 Македонија

Во рамки на проектот за Дирекцијата на А1 Македонија во Скопје, Omnitec реализираше подно решение со комбинација од теписонски плочи и винилен под во ролни..

За административните простории беа избрани Tessera Layout & Outline теписонски плочи од производителот Forbo, во комбинација со Allura Flex винилен под. Различните дезени и материјали беа применети во зависност од намената на просториите, вклучувајќи сали за состаноци и конференциски простории, со што визуелно се одделуваат различните делови од работниот простор.

Пред поставувањето на теписонските плочи беше извршено фино израмнување на подлогата со нивелирачка маса, со што се обезбеди соодветна подлога за прецизна монтажа. Теписонските плочи се поставени на начин кој овозможува полесна замена на поединечни плочи доколку дојде до оштетување. Allura Flex овозможува брза и практична инсталација, а изборот на различни формати и дезени овозможи подното решение да се прилагоди на различните простории и нивниот дизајн.

  • Тип на објект: Административен објект-Дирекција
  • Локација: Скопје
  • Вид на поставен под: Теписон во плочи FORBO Tessera L&O и Vinyl Allura Flex 0.55
  • Бенефити од поставен под: Флексибилност, издржливост и подобрен акустичен комфор
  • Поставена површина: 7000m2

КОРИСТЕНИ ПРОИЗВОДИ