Винилниот под е исклучително практично и разнолико подно решение.Сè  почест е случајот сопствениците на нови домови или сопствениците на комерцијални објекти да се одлучат за винилот како подно решение. Винилниот под доаѓа во многу различни стилови, вклучувајќи винил планкови, винил ролни и LVT. Инвестирањето во нов под подразбира дека треба да ги разбереме и предностите и негативните аспекти кои доаѓаат со поставувањето на тој под. Во овој најнов блог пост, ви ги пренесуваме одделно, и позитивните и негативните страни од поставувањето на винил, со цел да ви помогнеме да ја донесете својата вистинска одлука. Освен ова, нашиот тим секогаш ви стои на располагање за било какви прашања, асистенции и консултации. 

Па, да започнеме.

Зошто треба да поставите винилен под?

Подот од винил доаѓа во пакет со голем број на бенефиции кои го прават подно решение од избор за се поголем број на сопственици објекти. Почнувајќи од пристапната цена на подот, па завршувајќи со бескрајните опции за дизајн кои ги дозволува ова решение, инсталација на под од винил има многу бенефиции.

Винилниот под е разнолико подно решение кое е достапно во многу бои и стилови. Ова е само една од причините зошто винилот станува чест избор на под за резиденцијални објекти. Благодарение на начинот на кој што винилот доловува дизајни изработени од дрво и камен, многу потрошувачи успеваат да го вклопат во нивните ентериери. Освен нелимитирачките можности за дизајн, винилниот под има и уште една клучна карактеристика која го издвојува од останатите подови. Оваа карактеристика е трајноста. Кога би биле сосема искрени, трајноста е веројатно број 1 бенефит на винилните подови. Винилот е способен да издржи голема фреквенција на движење и ја намалува бучавата. Па така, винилот станува совршен под за скоро сите објекти, посебно за оние каде што има голем проток на луѓе. Додатно на ова, винилот креира чуство на комфор при газење што често пати не доаѓа во склоп со другите избори на подни решенија како на пример дрво или плочки. Други бенефиции кои ги нуди винилот е отпорноста на вода, мувла и флеки. Течностите остануваат на површината на материјалот и може брзо и едноставно да се избришат. Поради ова, не треба да се грижите доколку ви се истури вода или некоја друга течност.

Од аспект на чистење, подот изработен од винил би бил веројатно наједноставниот под за чистење. Правосмукалка ќе ви помогне да отстраните прашина, влакна па дури и нечистотии од вашиот под. Откако ќе завршите со правосмукалка, преминете на воден џогер со универзално средство за чистење на подови. Не ви е потребно специјализирано средство кое што само ќе ве чини повеќе пари. Универзално, благо средство за чистење подови е сосема доволно винилот да сјае во својот целосен потенцијал. Знаеме дека сите овие информации се навистина корисни, и веројатно до сега ве разубедија да го земете винилот во предвид при вашето следно реновирање. Но, што е со цената? За ваша среќа, винилиот е супериорен и во оваа категорија. Винилот е познат по својата пристапна цена, посебно кога е спореден со другите подни решенија, повторно како дрво и плочки. Со винил, може да доловите изглед на било кој под, за половина од цената! Освен што има пристапна цена, винилот е и едноставен за инсталација. Па така, доколку сакате да го инсталирате винилот сами, тоа би можеле да го направите без многу мака. 

Но, пред конечно да купите треба да ги имате следните работи на ум. За почеток, при инсталирањето на винил многу е важно на каква подлога ќе се поставува. Препорачливо е основата да е што помазна и порамна. Винилот се смета за мек материјал, што значи дека кога ќе е поставен, ќе ги истакне сите несовршености на површината. При процесот на инсталација, треба да внимавате да не навлезат мали честички кои доколку останат залепени на површината врз која што ќе се поставува подот, може да предизвикаат испакнатини над површината и можат да го оштетат материјалот. Како што веќе споменавме, винилот е “мек материјал” кој не перформира најдобро кога врз него се поставуваат екстремно тешки производи. Исто така, винилот може да го оштетат и остри производи.

За крај, изложувањето на сонце е последната работа што би требале да ја знаете пред конечно да се одлучите да инсталирате винилен под. Кога e изложен на сонце подолг временски период, винилот може да ја смени својата боја, односно да избледи. Тука, може да размислите за поставување на некаква заштита на вашите прозорци од типот на завеси или пак ролетни. 

Со ова, би го завршиле нашиот мини водич за купување винил. Не заборавајте, нашиот тим е тука за сите ваши прашања, консултации, избор на боја и дезен од нашиот винил на премиум производителот Forbo и секако координација на целиот проект наречен “поставување нов под”.