Проект Gorenje Group

Во рамки на соработката со компанијата Gorenje, успешно реализиравме проект за поставување теписон во плочи во нивните деловни простории.

Избраното подно решение ги задоволува високите стандарди за удобност, издржливост и естетика – карактеристики особено важни за модерни канцелариски простори. Со внимателна подготовка, прецизна монтажа и употреба на квалитетни материјали, го исполнивме проектот во согласност со договорените рокови и очекувања на клиентот.

Во канцеларијата беа вградени 250м2 од теписонските плочи Tessera Layout&Outline на производителот Forbo Flooring Systems.

  • Тип на објект: Деловен простор
  • Локација: Скопје
  • Вид на поставен под: Теписон во плочи Tessera L&O
  • Бенефити од поставен под: Одлична звучна изолација, која го подобрува квалитетот на работната средина
  • Поставена површина: 250м2