Компјутерската просторија во Факултетот за ликовни уметности во Скопје доби современо и издржливо подно решение со високи перформанси и долготрајност.
За овој простор беше избран подигнат под со завршна винилна подлога од производителот CBI Europe. Подигнатиот под овозможува практично решение за простории во кои е потребна флексибилност, лесен пристап до инсталациите и можност за идни промени во распоредот.
CBI Europe е производител на подигнати пристапни подови, наменети за различни типови комерцијални и деловни простори. Системите се карактеризираат со отпорност на оптоварување, брза поставеност, реконфигурабилност и можност за интегрирање на различни завршни подни облоги.
Во овој проект, двојниот под со завршна винилна подлога овозможи функционално и визуелно соодветно решение за компјутерската просторија.
Вкупната површина која нашиот тим ја постави во оваа просторија е 120м2.
- Тип на објект: Канцералија
- Локација: Скопје
- Вид на поставен под: CBI Europe – подигнат под со завршна винилна подлога
- Бенефити од поставен под: Флексибилност, пристап до инсталации, отпорност на оптоварување и можност за реконфигурација
- Поставена површина: 120m2






