Webhelp

Тимот на Omnitec работеше на трансформацијата на стариот простор во современа и функционална канцеларија за Webhelp, со примена на двоен под и теписонски плочи.

Webhelp е глобална компанија која обезбедува услуги за техничка поддршка, грижа за корисници, аутсорсинг и консултантски услуги за деловни процеси. Канцелариите во Скопје се целосно реновирани и прилагодени на потребите на компанијата.

За канцеларискиот простор беа избрани теписонски плочи од Forbo, поставени на двоен под од CBI Europe. Монтажата ја реализираше стручниот тим на Omnitec, според проектот и дизајнот на архитектонското студио Тетрактис.

Теписонските плочи во неколку различни бои овозможија визуелно да се нагласат карактеристичните бои на брендот и да се создаде динамичен и современ работен простор. Благодарение на акустичните карактеристики на теписонските плочи, подното решение придонесува за попријатен акустичен комфор во просторот, што е особено значајно во работна средина со голем број вработени и секојдневна комуникација.т.


Вкупната површина која беше поставена во оваа канцеларија изнесува 750м2 теписонски плочи, а 580м2 дупли под.

  • Тип на објект: Канцералија
  • Локација: Скопје
  • Вид на поставен под: FORBO -Tessera Layout&Outline; CBI Europe – Raised access floor
  • Бенефити од поставен под: Подобрен акустичен комфор и флексибилност преку системот на двоен под
  • Поставена површина: 750m2