Овој проект вклучуваше инсталација на гумени плочи од брендот ReFlex на детски игралишта кои се наоѓаа на неколку различни локации во општина Центар, Скопје. Комбинацијата од зелена, црвена и црна боја на гума придонесе за интересен и игрив визуелен впечаток.
Гумените плочи ReFlex се противклизен, високоиздржлив избор на подни решенија кои се создадени за сите временски услови. Покрај издржливоста, гумените плочи нудат и апсорпција на удар при пад, што ги прави совршеното решение за тип на објекти како детски игралишта. Материјалот е поставен со целосно лепење врз постоечка бетонска плоча, со што се осигурува највисок преформанс на материјалот, долгорочен квалитет, димензионална стабилност и поради јавниот карактер на објектот-заштита од крадење. Поставените гумени плочи се во димензии 40x40cm и со дебелина од 2.5cm. Вкупната поставена површина изнесува 900m2.
- Тип на објект: Детски игралишта
- Локација: Општина Центар, Скопје
- Вид на поставен под: Гумени плочки ReFlex 40x40cm, дебелина 2.5cm
- Бенефити од поставен под: Заштита од лизгање, апсорпција на удари, намалување на ризик од повреди
- Поставена површина: 900м2
