Во рамки на соработката со компанијата Gorenje, успешно реализиравме проект за поставување теписон во плочи во нивните деловни простории.
Избраното подно решение ги задоволува високите стандарди за удобност, издржливост и естетика – карактеристики особено важни за модерни канцелариски простори. Со внимателна подготовка, прецизна монтажа и употреба на квалитетни материјали, го исполнивме проектот во согласност со договорените рокови и очекувања на клиентот.
Во канцеларијата беа вградени 250м2 од теписонските плочи Tessera Layout&Outline на производителот Forbo Flooring Systems.
- Тип на објект: Деловен простор
- Локација: Скопје
- Вид на поставен под: Теписон во плочи Tessera L&O
- Бенефити од поставен под: Одлична звучна изолација, која го подобрува квалитетот на работната средина
- Поставена површина: 250м2







