Компјутерска канцеларија

Компјутерската просторија во Факултетот за ликовни уметности во Скопје доби современо и издржливо подно решение со високи перформанси и долготрајност.

За овој простор беше избран подигнат под со завршна винилна подлога од производителот CBI Europe. Подигнатиот под овозможува практично решение за простории во кои е потребна флексибилност, лесен пристап до инсталациите и можност за идни промени во распоредот.

CBI Europe е производител на подигнати пристапни подови, наменети за различни типови комерцијални и деловни простори. Системите се карактеризираат со отпорност на оптоварување, брза поставеност, реконфигурабилност и можност за интегрирање на различни завршни подни облоги.

Во овој проект, двојниот под со завршна винилна подлога овозможи функционално и визуелно соодветно решение за компјутерската просторија.

Вкупната површина која нашиот тим ја постави во оваа просторија е 120м2.

  • Тип на објект: Канцералија
  • Локација: Скопје
  • Вид на поставен под: CBI Europe – подигнат под со завршна винилна подлога
  • Бенефити од поставен под: Флексибилност, пристап до инсталации, отпорност на оптоварување и можност за реконфигурација
  • Поставена површина: 120m2