Во просториите на Машинскиот факултет во Скопје, Omnitec реализираше поставување на 1.000 m² Marmoleum Marbled Fresco од премиум производителот Forbo, како замена за постојното подно решение.
Со својата карактеристична мермерна структура, Marmoleum Marbled создава смирен и современ изглед и овозможува лесно вклопување во различни ентериери.
Marmoleum е подно решение изработено од природни суровини, со ниски емисии и карактеристики кои го прават соодветно за различни јавни и образовни простори.
Материјалот се одликува со издржливост и е наменет за долготрајна употреба, што го прави практично решение за простори со секојдневна и интензивна употреба.
Во рамки на проектот, Omnitec постави вкупно 1.000 m² Marmoleum Marbled Fresco.
- Тип на објект: Образовна институција
- Локација: Скопје
- Вид на поставен под: FORBO – Marmoleum Marbled Fresco
- Бенефити од поставен под: Издржливост, природни суровини и лесно одржување
- Поставена површина: 1000m2






