• Post category:Блог

Не е тајна дека на комерцијалните објекти им се потребни квалитетни и издржливи подни решенија. Поставените подни решенија треба да се способни да ја издржат големата фреквентност, но во исто време и да ги задоволуваат естетските критериуми на просторот. Ова не важи само за новите комерцијални објекти. Како што објектите стареат, истите се реновираат со цел да се заменат дотраените површини, да се зголеми продуктивноста, да се намалат трошоците за одржување и поправки и да се избегнат евентуални повреди. Јасно е дека трошокот е најважниот фактор при избор на комерцијални подни решенија, но не треба да ја заборавиме и функционалноста на подот и визуелниот ефект кој истиот го креира. Во многу инудстрии, ефикасноста и експедитивноста при извршување на работите е од клучна важност за бизнисите. Освен ова, се поголем број на компании се залагаат за заштита на природата и користат материјали кои се eco-friendly.

Индустријата за производство на подни решенија е поразвиена од кога било. Со сите опции кои се достапни за избор, како би биле сигурни дека сте го направиле најдобриот? Поставувањето на под или обновувањето на стариот под сепак претставува инвестиција и треба темелно да се разгледаат сите достапни опции. Но, за ваша среќа, OmniTec е тука како и секогаш на располагање за вас! Во овој блог пост, пишуваме нешто повеќе за најактуелните и најчесто користени подни решенија за комерцијални објекти. Ви ги презентираме бенефитите од секое решение и секако негативните аспекти од користењето на истото. Подните решенија за кои разговараме денес се: епокси, винил, теписон, дрво, ламинат и гума.

Па, да започнеме!

епоксидни подови

Епоксидните подови бележат најголема популарност помеѓу членовите на семејството на бетонски подни решенија. Епокисдните подови стануваат се позабележливи во комерцијални објекти од типот на продавници поврзани со автомобилска индустрија,болници, фармацевтски компании, фабрики за производство на храна и пијалоци, аеродроми, училишта и паркинзи. Премазите од епокси можат да се прилагодат на уникатните потреби на објектот во кој се поставени. Друга корист од поставувањето на подовите од епокси е тоа што се исклучително издржливи и отпорни на оштетувања. Подовите изработени од епокси имаат инсулациски карактеристики и имаат добар перформанс кога се изложени на широк спектар на температури, од многу високи до многу ниски. Различни видови на премази нудат хемиска и топлотна отпорност и висока UV стабилност. 

Епоксиден под во дневна соба
Епоксиден под во гаража

Винил

Винилот е целосно синетички изработено подно решение кое е способно да го долови впечатокот на под од дрво или камен без да мора да платите висока цена за тоа. Винилниот под најчесто се среќава како винил во ролни, винил плочи и луксузни винил плочи (LVT). Објекти каде што најчесто би сретнале под од винил се канцеларии, училишта, болници лобиа во хотел. Ова релативно трајно и издржливо подно решение е достапно во широка палета на бои и дизајни, што ви обезбедува голема слобода во креирањето на внатрешните ентериери. 

Кога винилниот под би го споредиле со другите видови на подни решенија, лесно ќе ја забележиме попристапната цена што винилот ја има во споредба со другите подни решенија. Сепак, во некои случаи винилот може да се оштети или да ја изгуби својата првична нијанса како резултат на изложеност на UV зраци. Процесот на поставување на винилот подразбира лепење, кое вадењето на оштетените плочи го прави малку потежок процес. Споредено со други подни решенија, винилот има за нијанса поштетни влијанија на природата. Ова се должи како резултат на хемикалиите кои се испуштаат при процесот на производство.

Винилен под

Теписон

Теписонот е веројатно најтрадиционалниот избор за подно решение кога се во прашање комерцијални објекти. Теписонот како материјал додава топлина во просторот и има акустични својства односно ја редуцира бучавата. Доколку сте заинтересирани за подно решение кое ја редуцираат бучавата, а не сакате теписон, тогаш треба да имате на ум дека и извесни видови на винил ги нудат овие карактеристики.

Тепихот како материјал може едноставно да се извалка и оштети. Нечистотијата е малку потешка за чистење во споредба со некои други подни решенија бидејќи истата останува залепена за влакната на тепихот. Доколку овој материјал е многу долго изложен на влага, истиот треба да биде заменет, посебно доколку се појавила влага. Тепихот исто како и винилот е поштетен за природата како резултат на отровните хемикалии кои се испуштаат при производство. Сумирано, тепихот не е толку издржлив како многу од другите алтернативи кои се достапни денес. 

Во случај на постојана влага, теписонот треба да биде заменет

Дрво

Подот изработен од дрво е подно решение кое е далеку потрајно во споредба со некои други подни решенија, но исто така е и поскапо и процесот на инсталација може да биде доста долг. Подот изработен од дрво дава чувство на елеганција и префинетост во просторот и е релативно едноставен за одржување. Слично како и со подовите со теписон, влагата е проблем и за подот изработен од дрво. Дупки, набабрување и пукање може да се појават на површината на подот и со тоа да и се овозможи на влагата да навлезе под површината. Под кој е изработен од дрво не е честа глетка во комерцијални објекти, најмногу поради цената на истиот.

Ламинат

Ламинатниот дрвен под е изработен да биде издржлив, хигиенски и едноставен за одржување. Бенефит кој често се среќава е водоотпорноста. Ламинатите се поефтини од дрвените подови, но можат да бидат тешки за замена доколку се оштетат. 

Бенефит на ламинатот е водоотпорност

гума

Во дадени комерцијални објекти, гумата е разумен избор на подно решение. Овој материјал ги нуди предностите на апсорпција при пад со што се намалува ризикот од сериозни повреди. Освен ова, во најголем број случаи гумата е водоотпорна и штити од лизгање и апсорбира звуци. Гумениот материјал е лесен за чистење и одржување. Овие карактеристики ја прават гумата совршен избор на под за кујни, теретани, болници и училишта. Од аспект на негативните страни на овој под, кај гумата знаат да се јават дисколорации доколку парчето е изложено на сончева светлина долг временски период. Гумата е под кој би го избрале доколку сте повеќе заинтересирани за функционалноста, безбедноста и перформансот на подот, отколку за неговата естетика. Во вториот аспект, гумата за жал не нуди многу.  

Да сумираме

Се надеваме дека овој блог пост ви ги објасни подобро најпознатите подни решенија за комерцијални објекти. Секој материјал носи свои предности и негативни аспекти. Имајте на ум дека при изборот, треба да ги земате во предвид алтернативите кои нудат најдобри перформанси за просторот кој ви е потребен. OmniTec ви стои на располагање за консултација и асистенција во процесот на избор на вашето ново подно решение.