Проект Објект во ТИРЗ Бунарџик

Производствениот погон за електросензитивни компоненти за автомобилска индустрија, кој е во склоп на Технолошко-индустриската зона Бунарџик во Скопје е проект на кој што е поставен електроспроводлив винилен под во плочи. 

Електроспроводливиот винил е од премиум производителот FORBO Colorex EC.Се работи за уникатен тип на винилен под кој содржи графитни гранули, чија цел е спроведување на електрицитетот кон зазјемувач. Поставените плочи се со димензии 610x610cm и со дебелина од 2mm. Вкупната поставена површина изнесува 2400m2. Поставувањето на овој под е извршено со графитен лепак и со поставување на бакарни траки. Споевите помеѓу секоја плоча се машински заварени со соодветна електрода. Електроспроводливите карактеристики на Colorex EC винилот и начинот на поставување, го прават совршен избор за индустриски под поставен во фабрички хали, погони и слично.

  • Тип на објект: Производствен погон
  • Локација: ТИРЗ Бунарџик
  • Вид на поставен под: Електропроводлив винилен под во плочи, FORBO Colorex EC, 610х610цм, дебелина 2мм
  • Бенефити од поставен под: Спроведување на електрицитет кон заземјувач, обезбедување на безбедна работна околина
  • Поставена површина: 2400m2

КОРИСТЕНИ ПРОИЗВОДИ