Проект средно училиште во Скопје

Овој проект вклучуваше поставување на линолеумски под во средно училиште во Скопје.

Линолеумот како тип на под има огромни предности, но пред се е самата структура која е 97% од природни сировини. Токму оваа структура нуди виртуелно 0 (нула) емисија на штетни честички, притоа овозможувајќи здрава средина која е особено важна во образовните установи. Дополнително, форматот на овој производ е плочи 50х50цм со што се олеснува процесот на замена при евентуално механичко оштетување (што е честа појава во училиштата), како и можност за комбинација на различни бои. Последно, материјалот ги сноси највисоките карактеристики во класата, а очекуван животен век е повеќе од 30 години. 

  • Тип на објект: Образовна институција
  • Локација: Скопје
  • Вид на поставен под: FORBO – Marmoleum Modular
  • Бенефити од поставен под: Издржливо подно решение произведено од природни материјали
  • Поставена површина: 1000m2
FORBO - Marmoleum Modular podno reshenie za obrazovni institucii
FORBO - Marmoleum Modular podno reshenie za obrazovni institucii
FORBO - Marmoleum Modular podno reshenie za obrazovni institucii

КОРИСТЕНИ ПРОИЗВОДИ