Проект Rooftop Bar and Restaurant Sky Corner

Rooftop bar and restaurant, SkyCorner е проект лоциран во срцето на Охрид. Поставениот под на овој објект е уникатната комбинација на винил и теписон, односно хибриден винил/ теписон.

Хибридниот винил/теписон во ролни е продукт на премиум производителот Forbo Flotex. Овој тип на под ги соединува супериорните карактеристики на винилот и теписонот.

Резултатот е под со висока акустичност, пријатно и меко чуство при газење, висок степен на издржливост и едноставност во одржувањето. Поставувањето на подот започнува со поставување на нивелирачка маса, со цел фино израмнување на кошулката. Ролните од хибриден винил/теписон се поставени со целосно лепење, како долгорочно решение и постигање на максимална димензиона стабилност. Вкупната поставена површина е 150m2. Одбраниот дезен на хибридниот винил/теписон во ролни е инспириран од самото Охридско езеро. Ваквиот вид на под е совршен избор за угостителски објекти, благодарение на визуелниот впечаток и топлина кои ги креира од една страна и издржливоста на материјалот и едноставноста во одржувањето од друга страна. 

  • Тип на објект: Комерцијален објект/угостителски објект
  • Локација: Охрид
  • Вид на поставен под: Хибриден винил/теписон во ролни FORBO Flotex
  • Бенефити од поставен под: Зголемување на акустичноста во просторот и пријатно чуство при газење
  • Поставена површина: 150m2

КОРИСТЕНИ ПРОИЗВОДИ