Проект игралишта Општина Центар

Овој проект вклучуваше инсталација на гумени плочи од брендот ReFlex на детски игралишта кои се наоѓаа на неколку различни локации во општина Центар, Скопје. Комбинацијата од зелена, црвена и црна боја на гума придонесе за интересен и игрив визуелен впечаток.

Гумените плочи ReFlex се противклизен, високоиздржлив избор на подни решенија кои се создадени за сите временски услови. Покрај издржливоста, гумените плочи нудат и апсорпција на удар при пад, што ги прави совршеното решение за тип на објекти како детски игралишта. Материјалот е поставен со целосно лепење врз постоечка бетонска плоча, со што се осигурува највисок преформанс на материјалот, долгорочен квалитет, димензионална стабилност и поради јавниот карактер на објектот-заштита од крадење. Поставените гумени плочи се во димензии 40x40cm и со дебелина од 2.5cm. Вкупната поставена површина изнесува 900m2.

  • Тип на објект: Детски игралишта
  • Локација: Општина Центар, Скопје
  • Вид на поставен под: Гумени плочки ReFlex 40x40cm, дебелина 2.5cm
  • Бенефити од поставен под: Заштита од лизгање, апсорпција на удари, намалување на ризик од повреди 
  • Поставена површина: 900м2

КОРИСТЕНИ ПРОИЗВОДИ