• Post category:Блог

Кога ќе се спомне зборот винил, она што често доаѓа прво на ум се дотраени и стари подови кои немаат никаков естетски ефект. При реновирањето на домовите, винилниот под била првата ставка за промена. До многу скоро, ова подно решение се смета за инфериорно пред другите подни решенија како ламинат и паркет. 

Развојот на технологијата и индустријата за подови помага значително во развивање и унапредување на материјалите кои што се нудат на пазарот. Овој процес, резултира со синтетизирање на унапредени и потполно нови подни решенија. Во поголем број од случаите, овие нови решенија се многу поиздржливи и естетски попривлечни од нивните претходници. Еден пример за ваков материјал е и луксузниот винил или LVT. Во овој блог пост пишуваме малку повеќе околу тоа што е LVT и кои предности ги добивате со инсталацијата на LVT во вашиот дом.

LVT под
LVT слоеви

Што е LVT?

Едно од најчестите прашања што се јавува кај нашите клиенти е:“Што точно е LVT?”. Луксузниот винил е издржливо и трајно подно решение кое е едноставно за одржување. Покрај ова, LVT-то е водоотпорно подно решение кое може да “имитира” подови изработени од паркет или дрво, за далеку пониска цена. Луксузниот винил се состои од неколку различни слоеви кои придонесуваат кон моментот на дизајн и трајност.

Сега, кога ве запознавме со тоа што е LVT, ред е да ви ги претставиме сите бенефити од резиденцијалната употреба на ова подно решение.

Бенефит број 1: Истрајност

Како што веќе спомнавме, луксузниот винил е слоевито и истрајно подно решение. Слоевите варираат од 4 до 5 на број и се состојат од:

1. Заштитен слој

2. Слојот каде што е испечатен дизајнот на подот

3. Основата изработена од винил

4. Позадина изработена од плут на која се залепени сите слоеви наведени погоре.

Прозирниот заштитен слој е поставен на начин на кој што оригиналниот дизајн на подот е комплетно заштитен од оштетувања. Ова го прави винилот подно решение за средини со голема фреквентност. Инсталацијата на LVT ви гарантира под кој ќе биде издржлив и без никаков проблем ќе се вклопи во вашиот ентериер.

Бенефит 2: Дизајн

Развојот на технологијата освен што го унапредил винилот како подно решение, овозможил и новата унапредена верзија на винил да е достапна во огромна палета на бои, дизајни и текстури. Луксузниот винил е способен да реплицира материјали како дрво, мермер и камен со леснотија. Со инсталацијата на луксузен винил, добивате под кој креира еднаков визуелен впечаток како подот од дрво, со 2 клучни разлики- добивате многу поиздржливо подно решение и плаќате многу помалку. 

Бенефит 3: Лесна инсталација

LVT винилот доаѓа во ролни и планкови. Формата во која што доаѓа LVT винилот го одредува начинот на кој ова подно решение ќе се инсталира. Без разлика на која постапка да се одличите, поставувањето на луксузниот винил трае многу пократко од поставувањето на било кој друг под.  

Бенефит 4: Под кој е едноставен за одржување

Со инсталацијата на винил, покрај тоа што добивате водоотпорно и трајно подно решение, добивате и под кој е неверојатно лесен за одржување. За разлика од ова, природните материјали кои ги реплицира винилот, како на пример дрвото и каменот имаат потреба од многу повеќе одржување за да се спречи оштетувањето на овој под. Во еден од нашите претходни блогови пишувавме за тоа како се чисти подот од винил. Прочитајте повеќе тука. 

Сигурни сме дека веќе се согласивте дека LVT винилот би бил одличен избор за вашиот нов под. Но пред конечно да се одлучите да поставите LVT под, би сакале да ги имате следниве работи на ум:

1. За да луксузниот винил сјае во својот полн сјај, потребно е да биде поставен на апсолутно мазна и рамна површина. Доколку површината на која што се поставува винилот има несовршености, бидете сигурни дека истите ќе се забележуваат уште повеќе кога ќе се постави винилот.

2. Како што веќе спомнавме погоре, LVT винилот е водоотпорен. Сите знаеме дека често пати ни се случува да ни се истури вода или некоја друга течност. Винилот нема да ја впие оваа течност, со што истата ќе остане на површина и може да предизвика опасност од лизгање и повреди.

3. Винилот не е биоразградлив материјал. Доколку при изборот на под важен критеруим ви е и влијанието на подот врз околината, тогаш винилниот под не е под за вас. Подно решение кое би било подобро за вас е линолеумот. За него може да прочитате повеќе на еден од нашите претходни блог постови. 

Се надеваме дека овој блог пост ви ги разјасни дилемите околу LVT подовите и сега ви е малку појасно зошто ова е совршеното подно решение за вас. OmniTec e генерален застапник на премиум производителот FORBO Flooring Solutions за LVT подови. Погледнете ја целосната понуда на нашата веб страна.

Ве очекуваме на info@omnitec.mk